Мирисот на чад во Скопје е од пожарот кај Грачани, трет ден трае борбата со огнот

На територијата на Град Скопје има само еден активен пожар на отворен простор кој пред два дена од косовска страна навлезе на македонска страна кај село Грачани, Општина Ѓорче Петров, информира директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов.

Додава дека пожарот не загрозува населени места, горат пред сѐ трева, грмушки и ниски смреки кои создаваат силен пламен и уште посилен чад. На некои места пожарот се движи ниско по земја низ мешовита шума.

„Во среда покрај скопските пожарникари во гаснењето учествуваа и два ертрактора на ДЗС. Вчера (четврток) еден македонски полициски хеликоптер им помогна на косовските противпожарни служби гаснејќи од косовска страна каде пожарот беше поинтезивен бидејки се работи за ист пожар кој е активен од двете страни на границата. Скопските пожарникари гаснеа од македонска страна“, вели Ангелов.

Синоќа ветрот дувал во насока на Скопје и чадот од пожарот кој е активен и на косовска и на македонска територија, можеше да се почувствува над неколку скопски населби.

„Тоа е истиот оној чад кој сите ние кои работиме на гаснење на пожари на отворен простор го вдишуваме секојдневно, од непосредна близина, во неспоредливо поголема концетрација. Скопските пожарникари во текот на целата ноќ беа на делови од линијата на пожарот, но поради тешко пристапниот терен гаснењето во текот на ноќта беше отежнато или невозможно“, рече Ангелов.

Најави дека утрово продолжува гаснењето со засилен број на пожарникари, а воздушна поддршка ќе им дадат два ертрактора на ДЗС, еден полициски и еден армиски хеликоптер.

реклама

Македонија

Гаши формираше Совет на поранешни претседатели на Собранието

Read more

Левица: Коцкарниците на народот му ја земаат платата, брзите кредити иднината – 1,6 милијарди евра завршиле во коцкарската индустрија

Read more

Мицкоски: Фон дер Лајен ја оцени како инспиративна работата на Владата во реформите и патот за ЕУ

Read more

Од полноќ нови цени на горивата

Read more

Вести

Нема веќе вештачка интелигенција: Трамп го забрани терминот AI и формираше Сили за суперинтелигенција

Читај повеќе
  • filter

Поранешниот симбол на Триглав е пред исчезнување: Последниот глечер во Словенија речиси исчезна

Читај повеќе

Гаши формираше Совет на поранешни претседатели на Собранието

Читај повеќе

Нови пронајдоци на локалитетот Расница: Откриено богато војничко погребување од VI век

Читај повеќе

Оперативна акција Чистач: 5.628 уапсени и 1.158 претреси во борбата против насилниот криминал, трговијата со дрога и прекуграничниот криминал

Читај повеќе

Левица: Коцкарниците на народот му ја земаат платата, брзите кредити иднината – 1,6 милијарди евра завршиле во коцкарската индустрија

Читај повеќе

BALFIN Group – над 52 милиони евра платени даноци во првите 6 месеци од 2026 година

Читај повеќе

ЕУ даде зелено светло за центри за депортација во трети земји: Како тоа ќе изгледа во пракса?

Читај повеќе

Мицкоски: Фон дер Лајен ја оцени како инспиративна работата на Владата во реформите и патот за ЕУ

Читај повеќе