МВР: 13 лица повикани во полиција за споделување информации за водата во Скопје, ниту еден од нив не кажал веродостоен извор

Секторот за компјутерски криминал повика 13 лица поради ширење на лажни информации за водата во Скопје, информира Министерството за внатрешни работи.

„Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика при МВР, во врска со ширењето на лажните информации на социјалните мрежи за наводно загадување на водата за пиење во Скопје, до сега повика 13 лица на информативен разговор. Со лицата е извршен службен разговор, при што сите се изјасниле дека информациите ги објавиле или споделиле откако претходно виделе слична објава на социјалните мрежи или слушнале од друго лице. Притоа, никој од нив не посочил конкретен, потврден или веродостоен извор кој би ги поткрепил тврдењата за загадување на водата“, соопшти МВР.

Од таму додаваат дека Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика ќе продолжи со прибирање и анализа на податоци со цел да се потврдат сите околности поврзани со настанот, како и начинот на кој информациите се појавиле и понатаму се ширеле во интернет просторот.

Министерството за внатрешни работи укажува дека ширењето на непроверени и неточни информации, особено кога станува збор за прашања што се однесуваат на здравјето и безбедноста на граѓаните, може да предизвика неоправдана паника и вознемиреност во јавноста.

„Апелираме до граѓаните да не споделуваат информации чија точност не е проверена и да се информираат исклучиво од официјални и релевантни извори. Одговорното користење на социјалните мрежи и проверката на информациите пред нивно објавување или споделување се од суштинско значење за спречување на дезинформации и заштита на јавниот интерес“, велат од МВР.

реклама

Зошто Германците не „летаат“ на автопат дури и таму каде што нема ограничување на брзината?

Read more

Во кое време од денот е најлошо да си дремнете?

Read more

Црна Месечина во Јарец од 15 септември: Какво искушение му носи на вашиот хороскопски знак?

Read more

Почна крајот на Обединетото Кралство: Шкотска, Велс и Северна Ирска потпишаа меморандум што води кон распад

Read more

Македонија

Земјотрес во Пехчево и Берово

Read more

СДСМ бара ОЈО да отвори истрага за потрошените 5,5 милиони евра за прославата на Денот на независноста

Read more

„Постапено е по протокол“ – ГАК ги отфрла обвинувањата на пациентката од Охрид

Read more

Апасиев бара одговори за наплатата на брзите кредити: По кој закон се оди на врата за долг?

Read more

Вести

Емиратите купија десетици милиони барели ирачка нафта со огромни попусти

Читај повеќе

Земјотрес во Пехчево и Берово

Читај повеќе

Нападнат танкер за нафта во Ормускиот Проток: Двајца морнари се водат како исчезнати, 23 се спасени

Читај повеќе

Европскиот парламент усвои извештај за странското мешање: Русија главна закана, Србија центар за дезинформации

Читај повеќе

Медитеранот сруши историски рекорд, Европа се соочува со закана од екстремни бури

Читај повеќе

Зеленски бара американски гаранции, Кремљ укинување на санкциите, откако Трамп објави дека има договор за енергетските објекти

Читај повеќе

Се трага по скопјанец во Охрид, на плажа биле пронајдени негови алишта и телефон

Читај повеќе

AfD убедливо најсилна партија во Германија

Читај повеќе

Скопјанка погодена од заталкано зрно додека била во дворот од својот дом

Читај повеќе