МВР има видеоснимка на која се гледа како Стојанче Јовановски ја удира сопругата

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски соопшти дека во рамки на истрагата за трагедијата во Карпош е обезбеден видеозапис на кој, како што рече, јасно се гледа како сопругот ја удира жртвата.

Како што појасни министерот, жртвата претходно повикала полиција, а патролата пристигнала за помалку од десет минути. Во изјавата што ја дала, таа потоа навела дека нема што да пријави и дека немало физички напад. Дополнително ќе се утврдува дали оваа изјава била дадена под присила. Сторителот, според Тошковски, не бил присутен на местото на настанот во моментот кога полицијата ги прибирала изјавите.

Сепак, тој нагласи дека тоа не се единствените докази со кои располага МВР.

„До МВР е обезбеден видео запис каде јасно се гледа како сопругот ја удира жртвата. Не можам да кажам кога е точно, но сигурно е истиот ден“, рече министерот.

Според информациите што ги изнесе министерот Панче Тошковски, на 2 март околу 14 часот бил пријавен падот од зграда, а претходно полицијата разговарала со жртвата која рекла дека не бара интервенција. Потоа жената се упатила кон станот на улицата Теодосиј Гологанов во скопски Карпош кадешто се случила трагедијата. Со ќерката биле сами и заклучени одвнатре пред трагичниот настан.

Министерот соопшти дека сопругот Стојанче Јовановски е приведен. Осомничен е за Наведување на самоубиство, нанесување на тешки телесни повреди и за загрозување на сигурноста. Тошковски потсети и дека во изминатите години против истото лице биле поднесени 10 кривични пријави за насилен криминал, имотни деликти и трговија со дрога. Тошковски истакна и дека голем дел од предметите за семејно насилство се затвораат поради повлекување на жртвите, најавувајќи поинтензивен пристап на МВР во вакви случаи.

Прес конференција на министерот Панче Тошковски 03.03.2026

Posted by Министерство за внатрешни работи / Мinistria e Punëve të Brendshme on Tuesday, March 3, 2026
реклама

Иран го соопшти главниот услов за прекин на војната

Read more

Каде во Скопје денеска ќе нема струја и вода?

Read more

5 хороскопски знаци ќе имаат огромен финансиски успех до 28 април 2026 година

Read more

Нови цени на горивата од полноќ

Read more

Македонија

Утре без струја делови од неколку скопски општини

Read more

СДСМ: Владата итно да ги прифати нашите законски решенија за цените на горивата

Read more

1.198 сообраќајни прекршоци изминатиот викенд, лишени од слобода 42 лица за безобѕирно возење

Read more

Нови цени на горивата од полноќ

Read more
 

Вести

Утре без струја делови од неколку скопски општини

Читај повеќе

По натпревар во Кисела Вода нападнати двајца фудбалски судии

Читај повеќе

Иран му порача на Зеленски: Киев ќе ги сноси последиците ако се вклучи во војната со Иран

Читај повеќе

СДСМ: Владата итно да ги прифати нашите законски решенија за цените на горивата

Читај повеќе

Трамп и Нетанјаху оставени сами: Сојузниците го отфрлаат конфликтот со Иран, велат „ова не е наша војна“

Читај повеќе

1.198 сообраќајни прекршоци изминатиот викенд, лишени од слобода 42 лица за безобѕирно возење

Читај повеќе

Што добива Западен Балкан од новата стратегија на ЕУ?

Читај повеќе

Нови цени на горивата од полноќ

Читај повеќе

Приведен возач без возачка дозвола и со 1,64 промили алкохол во крвта

Читај повеќе