Народна банка: Поевтинуваат секојдневните плаќања за граѓаните и за компаниите

Активностите на Народната банка за намалување на надоместоците на банките за електронските плаќања заради нивна поголема достапност и користење веќе имаат видливи резултати за граѓаните и за компаниите. По интензивната комуникација и по намалувањето на трошоците за користење на Македонскиот интербанкарски платен систем (МИПС), банките ги подложија на ревизија своите тарифници намалувајќи ги надоместоците за извршување на платежните услуги, извести Народната банка.

Сите банки веќе усвоија нови тарифници со значително намалени надоместоци за платежни трансакции со платни налози. Имено, надоместоците за плаќањата коишто граѓаните ги извршуваат преку МИПС се намалени во просек за околу 50%, додека електронските плаќања на граѓаните коишто се извршуваат во рамките на истата банка (т.н. интерни плаќања) стануваат бесплатни во најголемиот дел од банките. Надоместоците коишто компаниите им ги плаќаат на банките исто така се намалени. Така, електронските плаќања на компаниите во МИПС стануваат поевтини во просек за околу 30%, додека електронските интерни плаќања за околу 55%. Општо земено, банките преминуваат кон поевтини и фиксни надоместоци по трансакција, коишто се однапред познати и не зависат од износот на плаќањето. Новите поевтини надоместоци се веќе во примена кај дел од банките, а останатите банки планираат да започнат со примена на намалени надоместоци најдоцна до октомври оваа година, велат од НБ.

Овие промени се дел од пошироката визија на Народната банка за дигитализација и модернизација на платниот систем. Поевтините услуги го поттикнуваат користењето на електронските плаќања, ја зајакнуваат довербата во финансиските институции и придонесуваат кон општествено одговорно работење на банкарскиот сектор, се додава во соопштението.

реклама
Како да направите домашна чоколадна торта?

Домашна чоколадна торта по рецепт на Џејми Оливер

Read more

Сопругата на судијата Ристов реагираше по сведочењето на неговите родители за скриените 350.000 евра

Read more

Financial Times открива: САД ќе ја блокираат испораката на оружје за Украина ако не престане да ги напаѓа руските рафинерии

Read more

Најопасната закана на Америка за Украина досега: Му се јавуваат на Киев… Им се јавуваат на сите во Европа

Read more

Македонија

Поради падот на температурите, грејната сезона започнува од утре

Read more

Казнети свадбарите што блокираа улица во Аеродром

Read more

Период на променливо облачно со повремени врнежи, на повисоките планини ќе бидат од снег

Read more

Сопругата на судијата Ристов реагираше по сведочењето на неговите родители за скриените 350.000 евра

Read more

Вести

Financial Times открива: САД ќе ја блокираат испораката на оружје за Украина ако не престане да ги напаѓа руските рафинерии

Читај повеќе

Шефицата на ММФ: Инвестициите во вештачка интелигенција го одржуваат глобалниот раст на 3%

Читај повеќе

Поради падот на температурите, грејната сезона започнува од утре

Читај повеќе

Маѓар за истополовите бракови: Многу сум претпазлив

Читај повеќе

Најопасната закана на Америка за Украина досега: Му се јавуваат на Киев… Им се јавуваат на сите во Европа

Читај повеќе
  • play_arrow

Казнети свадбарите што блокираа улица во Аеродром

Читај повеќе

Bloomberg тврди: Русија изгубила над 50.000 војници во септември