Невреме во Скопје и Куманово, утре попладне повторно пороен дожд и грмежи

Попладнево има развој на нестабилна облачност која започна најпрво во крајните северозападни и делови од источните предели во земјата, како и Полошкиот регион. Нестабилноста во моментов продолжува со развој во Скопскиот и Кумановскиот регион каде има појава пороен дожд, засилен ветер појава на грмежи како и појава на град, соопшти УХМР.

До крајот на денот се очекува локално да продолжи развојот на нестабилната облачност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, а наместа и можна појава на град.

Во текот на ноќта ќе преовладува променливо облачно време. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец.

Времето утре ќе биде променливо облачно и топло со сончеви периоди. Во попладневните часови ќе има локална нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Наместа процесите ќе бидат поинтензивни со пообилен пороен дожд и услови за појава на град. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец.

Минималната температура ќе биде во интервал од 10 до 17, а максималната ќе достигне од 25 до 31 степен.

Во Скопје ќе биде променливо облачно и топло со сончеви периоди. Попладне во делови од котлината ќе има услови за појава на нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец. Минималната температура ќе се спушти до 15, а максималната ќе достигне до 31 степен.

Денес и утре во попладневните часови времето ќе биде нестабилно со пороен дожд, ретки грмежи и засилен ветер. Утре процесите ќе бидат поинтензивни со пообилен пороен дожд, грмежи и услови за ретка појава на град.

Од четврток до почетокот на следната седмица времето ќе биде умерено облачно со сончеви периоди. Ќе дува умерен, повремено и засилен ветер претежно од северен правец.

реклама

Ловоровите листови не се само за готвење, можете да ги користите во вашиот дом

Read more

Свини го запали интернетот во проѕирен боди од чипка

Read more

Шест лица учествувале во физичка пресметка по сообраќајка во Ѓорче Петров

Read more

Џака: Ако Аргентина на ваков начин стигна до полуфиналето…

Read more

Македонија

СДСМ: Македонија повеќе не е на европската мапа, Мицкоски ја турна државата во изолација

Read more

Артилериска граната тешка 13,6 кг отстранета од плажа во Дојран

Read more

Променливо облачно со сончеви периоди, попладне можен пороен дожд и грмежи

Read more

Драма на небото над Македонија: Се скршил прозорец на авион, патник за малку ќе излетал

Read more

Вести

Прогласено највисоко ниво на закана во Ормускиот Проток

Читај повеќе

Словенец приведен во Прилеп откако го симнал и запалил општинското знаме

Читај повеќе

СДСМ: Македонија повеќе не е на европската мапа, Мицкоски ја турна државата во изолација

Читај повеќе

Артилериска граната тешка 13,6 кг отстранета од плажа во Дојран

Читај повеќе
  • play_arrow

Иран го затвори Ормускиот Проток, САД возвратија со нов бран напади врз над 140 воени цели

Читај повеќе

Шест лица учествувале во физичка пресметка по сообраќајка во Ѓорче Петров

Читај повеќе
  • play_arrow

Најмалку две лица загинаа во пукање на фестивал во Торонто

Читај повеќе

Иран: Нема да преговараме со САД додека Вашингтон не го промени пристапот

Читај повеќе

Променливо облачно со сончеви периоди, попладне можен пороен дожд и грмежи

Читај повеќе