Невреме во Скопје: Ветрот откорна крст на црква, летаа покриви, има паднати дрвја и искинати кабли за струја

Невремето го турна крстот на црквата „Св. Јован“ во Бутел, откорнати покриви, паднати дрвја и искинати кабли за струја пријавуваат скопјани.

За десетина минути орканскиот ветер што го зафати Скопје предизвика штети во сите скопски наделби.

Граѓани од Бутел 1 пријавија дека ветрот го турнал крстот на црквата „Свети Јован Крстител“, а крстот на камбанаријата, пак, е извиткан.

Скопјани од цел град на социјалните мрежи објавуваат снимки и фотографии од покриви што летаат, од дрвја паднати сосе кабли за струја, врз автомобижи и од направените штети.

Скопјани се жалат и дека бројот 112 на кој можат да пријават штети е постојано зафатен па сè што имаат објавуваат на социјалните мрежи.

Во делови од градот нема струја, но и телефонот на ЕВН е постојано зафатен.

Времето утре

До крајот на денот и во вечерните часови ќе се задржи нестабилноста проследена со пороен дожд, грмежи и засилен до силен ветер. Ќе има услови за невреме со појава на град. Во текот на ноќта се очекува стабилизација.

Времето утре ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Ќе има локална нестабилност со пороен дожд, грмежи, засилен ветер и услови за изолирано невреме со појава на град. Ќе дува слаб до умерен, а долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец. Во западните делови ќе дува слаб до умерен, повремено засилен западен ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од 12 до 21, а максималната ќе достигне од 27 до 33 степени Целзиусови.

Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди. Во делови од котлината ќе има појава на нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 17, а максималната ќе достигне до 30 степени Целзиусови.

До петок под влијание на серија на влажни и нестабилни воздушни маси, времето ќе биде променливо облачно и наместа нестабилно со пороен дожд и грмежи. Локално процесите ќе бидат во форма на краткотрајно невреме проследено со силен ветер и изолирана појава на град. Во петок ќе има пообилни врнежи од дожд. Поради продор на постудена воздушна маса од север температурата значително ќе опадне.

реклама

Македонија

Сојузот на борци од Тетово бара со закон да се забрани именувањето улици во чест на фашисти

Read more

Утре времето ќе биде сончево и многу топло

Read more

Гужва на Табановце: Странци чекаат ред за да платат казни снимени од Безбеден град

Read more

Лажни пораки наводно испратени од Безбеден град стигнуваат до граѓаните, МВР со апел како да ги препознаете

Read more

Вести

  • play_arrow

Како сцена од филм: Унгарци снимале како минуваат низ страшниот пожар кај Омиш

Читај повеќе

Сојузот на борци од Тетово бара со закон да се забрани именувањето улици во чест на фашисти

Читај повеќе

Утре времето ќе биде сончево и многу топло

Читај повеќе

Гужва на Табановце: Странци чекаат ред за да платат казни снимени од Безбеден град

Читај повеќе

Лажни пораки наводно испратени од Безбеден град стигнуваат до граѓаните, МВР со апел како да ги препознаете

Читај повеќе

Сестрата на Ким Џонг Ун му одговори на Зеленски: Неговите тврдења се неосновани

Читај повеќе

УЈП во Охрид: Сите што издаваат сместување и опрема за рекреација на вода имаат обврска да платат данок на личен доход

Читај повеќе

ЈСП пушти нова линија, ќе вози од Радишани до Карпош 3

Читај повеќе

Топењето на глечер откри морничава тајна стара 34 години: Пронајдени двајца исчезнати алпинисти

Читај повеќе