Независниот полициски синдикат утре организира протестен марш во Битола

Независниот полициски синдикат (НСП) утре во Битола организира марш за еднакво спроведување на законите кон сите сторители на кривични дела, без селективен пристап по заканите за тепање и убивање полицајци. Маршот ќе почне во 11 часот со јавен собир пред Основното јавно обвинителство Битола од каде ќе се маршира кон хотел „Епинал“, а ќе заврши на плоштадот „Магнолија“.

„Како одговорен синдикат ќе организираме мирен марш со цел да се актуелизира и јавно да се побара доследно и еднакво спроведување на законите кон сите сторители на кривични дела, без исклучоци и без селективен пристап. Повод за маршот се последните јавни изјави и настани во Битола, во кој поединци се закануваа дека ќе тепаат и убиваат полицајци доколку се обидат да ги спроведат законите, кои повторно ја отворија темата за двојните аршини во постапувањето на институциите кога се работи за полицајци и останати граѓани и создадоа чувство на неправда. Целта на маршот не е насочена против ниту една етничка, социјална или друга заедница, туку е јасен апел и крик за потребата од владеење на правото, каде што законот ќе важи подеднакво за сите, без разлика дали се работи за полицајци, граѓани или институции“, најавија од НСП.

Барањата кои е се упатат од маршот се: еднаков третман пред законот за сите извршители на кривични дела, а не само на полицајците, крај на селективната правда и притвор за сторителите, бидејќи за ваков сличен настан пред само 2 години кој се случи во Прилеп, кога лице се закануваше на обвинителка веднаш беше побарано и определено притвор, барање за итна промена на Законот за прекршоци против јавниот ред и мир и враќање на поранешната глоба која изнесување 1.000 евра за омаловажување на државни органи и полициски службеници, наместо сегашните 50, односно 150 евра.

Целта на мирниот марш од НСП велат дека е и враќање на достоинството на полицијата.

Независниот синдикат на полицијата поднесе кривична пријава до Основното јавно обвинителство Битола против две лица поради упатени сериозни закани по животот на полициски службеници.  Двете лица јавно се извинија за заканите со објаснување дека се заканиле оти биле под стрес.

реклама

Локално невреме со пороен дожд, грмежи и засилен ветер во наредните денови

Read more

Северна Кореја го пушти во акција разурнувачот Канг Кон од 5.000 тони

Read more

Американците распределија ракетни системи што може да досегнат до Москва

Read more

Шефицата на AfD: Има премногу доселеници кои само го користат германскиот систем за социјална помош

Read more

Македонија

На полноќ се зголемуваат цените на горивата 

Read more

Локално невреме со пороен дожд, грмежи и засилен ветер во наредните денови

Read more

Изгаснат пожарот на македонско-косовската граница, нема повеќе да го загадува Скопје 

Read more

В среда ќе се прска против ларви од комарци во Скопје

Read more

Вести

Американците распределија ракетни системи што може да досегнат до Москва

Читај повеќе

Шефицата на AfD: Има премногу доселеници кои само го користат германскиот систем за социјална помош

Читај повеќе
  • play_arrow

Снимен моментот кога украински дрон удира во станбена зграда во Русија

Читај повеќе

На полноќ се зголемуваат цените на горивата 

Читај повеќе

Локално невреме со пороен дожд, грмежи и засилен ветер во наредните денови

Читај повеќе

19-годишна девојка загина во Светиниколско, со возилото излетала од патот

Читај повеќе
  • play_arrow

Изгаснат пожарот на македонско-косовската граница, нема повеќе да го загадува Скопје 

Читај повеќе
  • play_arrow

Дали ФБИ сокриле клучни докази за нападите на 11 септември?

Читај повеќе

Убиен 26-годишен скопјанец, МВР со детали за случајот

Читај повеќе