Нов притвор за сопственикот на „Пулс“ за давање поткуп

Основниот кривичен суд Скопје определи нова мерка притвор во траење од 30 дена за Дејан Јованов, првообвинетиот во судењето за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани.

Од Судот појаснуваат дека притворот за Јованов, сопственик на дискотеката, е определен поради постоење опасност од бегство, како и поради основан страв дека може да ја попречува истрагата со влијание врз сведоци.

Мерката притвор започнува да се извршува утре, имајќи предвид дека лицето во моментот веќе издржува мерка притвор во предметот поврзан со пожарот во дискотеката „Пулс“.

Во новоотворената истрага, за која е предложен притворот, Јованов е осомничен дека сторил кривично дело „Давање поткуп“.

„Имајќи предвид дека осомничениот, мерката притвор, определена во предметот 'Пулс', ја издржуваше во КПУ Затвор Куманово, со оглед да првично му беше определена од Основниот суд Кочани, сега истиот ќе биде префрлен на издржување на ново определената мерка притвор во Затвор Скопје, согласно Правилникот за спровод и издржување на определените мерки за обезбедување присуство“, соопштија од Судот.

Во однос на предлогот на одбраната за укинување на претходно определената мерка притвор во предметот „Пулс“, со определување гаранција во износ од околу 200.000 евра во недвижен имот, истата од страна на одбраната денеска е повлечена, а со оглед на тоа дека согласно законските одредби овој притвор може да трае една година по оценување на обвинителниот акт, истиот истекува во текот на утрешниот ден.

Тагови
реклама

Македонија

Излезот од блокадата со Бугарија е во дијалогот, смета Мицкоски

Read more

Попладнево пороен дожд, грмежи и засилен ветер

Read more

Левица: Партијата која ги распродаде фабриките и остави илјадници стечајци не може да држи лекции за минимална плата

Read more

Од понеделник Безбеден град во Охрид

Read more

Вести

Питони, отровна змија и гуштер под седиштето: косовски државјанин се обидел нелегално да ги внесе во Македонија

Читај повеќе

Излезот од блокадата со Бугарија е во дијалогот, смета Мицкоски

Читај повеќе

Шефот на Ryanair ја смирува авиоиндустријата: Ќе има доволно керозин

Читај повеќе

Теснецот е одблокиран, зошто цените на горивата не паѓаат?

Читај повеќе

Запленети 43 тони кокаин: Секна рутата од Латинска Америка кон Европа

Читај повеќе

Попладнево пороен дожд, грмежи и засилен ветер

Читај повеќе

Прикриеното етничко чистење на христијаните во Либан: Предупредување за Европа

Читај повеќе

Левица: Партијата која ги распродаде фабриките и остави илјадници стечајци не може да држи лекции за минимална плата

Читај повеќе

Од понеделник Безбеден град во Охрид

Читај повеќе