Општина Центар објави повик за изработка на мини мурали и графити поврзани со македонското писмо и јазик

Општина Центар ги поканува сите креативци, уметници и културни здруженија од територија на Центар да учествуваат во новиот јавен повик за изработка на мини мурали и графити на јавни простори. Овој повик е дел од Програмата за култура за 2025 година и има за цел да го разубави визуелниот изглед на општината и да го потенцира културниот и јазичниот идентитет.

Градоначалникот Горан Герасимовски информира дека проектите на конкурсот треба да ја истакнат значајноста на македонското писмо и јазик или да бидат посветени на културните обележја и настани значајни на локално ниво.

„Преку проектот ‘Мини мурали и графити’ создаваме нови можности за локалните уметници и внесуваме боја и живот во урбаниот простор. Уметноста на јавните површини не само што го разубавува градот, туку носи и пораки кои ги сплотуваат граѓаните. Нашата цел е Центар да биде отворено платно за креативноста. Право на учество имаат поединци, регистрирани здруженија и правни субјекти со седиште во Општина Центар“, вели Герасимовски.

Подносителите на пријава на јавниот повик може да предложат локација за изработка на муралот/графитот по сопствен избор. Доколку посочената локација претставува ѕид од фасада на станбена зграда, потребно е учесниците да приложат согласност од сопствениците на објектот.

Пријавата со комплетната документација треба да се достави во еден оригинален примерок, пополнета електронски, потпишана и заверена од одговорно лице на апликантот. Документацијата може да се поднесе по пошта на адреса: Општина Центар – Скопје, Сектор за јавни дејности / Одделение за култура, ул. „Михаил Цоков“ бр.1, 1000 Скопје, или лично во Архивата на Општина Центар (барака 6), секој работен ден од 9:00 до 15:00 часот, со назнака: „Јавен повик за цртање на мурали и графити на јавен простор на подрачјето на Општина Центар“.

Поднесувањето на пријавите е отворено пет дена од денот на објавување на повикот на веб-страницата на Општина Центар (www.centar.gov.mk). Финансиската поддршка ќе се додели согласно квалитетот, обемот и оригиналноста на предлог проектите, во вкупен износ од 295.000 денари.

реклама

Истрагата за падот на кобниот Boeing се врти околу едно клучно прашање

Read more

Kia: Немаме друг избор

Read more

Израел го нападна Иран: Најголемата воена конфронтација меѓу двете држави досега

Read more

Трик како вашиот дом секогаш да мириса убаво

Read more

Македонија

СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ се препираат: Чија заслуга е реконструираниот регионален пат од Охрид до Св. Наум?

Read more

За двајца поранешни министри запрена постапката за трагедијата во Кочани

Read more

Владата блокира уште 173 интернет-страници за онлајн-коцкање, информира Меџити

Read more

Нови детали од истрагата за пожарот во „Пулс“

Read more
 

Вести

Кои земји имаат најмногу боеви глави во 2025 година?

Читај повеќе
  • filter

13 јуни 1943, загинал македонскиот поет Кочо Рацин

Читај повеќе
  • play_arrow

Втор бран израелски напади, „обезглавено“ иранското воено раководство

Читај повеќе
  • filter

„Чиста петка“ од прилепската публика за „Слепци“ на Турски театар  - Скопје

Читај повеќе

СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ се препираат: Чија заслуга е реконструираниот регионален пат од Охрид до Св. Наум?

Читај повеќе

За двајца поранешни министри запрена постапката за трагедијата во Кочани

Читај повеќе
  • play_arrow

Објавени снимки од експлозиите во нуклеарниот комплекс на Иран

Читај повеќе

Владата блокира уште 173 интернет-страници за онлајн-коцкање, информира Меџити

Читај повеќе

Нови детали од истрагата за пожарот во „Пулс“

Читај повеќе