Општина Кисела Вода: Собирање на кабаст отпад, нова, постојана услуга за граѓаните

Општина Кисела Вода, преку Јавното комунално претпријатие „Кисела Вода 2022-Скопје“, започнува со самостојно и континуирано собирање на пријавен кабаст отпад на целата територија на општината.

Досега, според Општината, оваа услуга се реализираше неколку пати годишно, во соработка со службите на Град Скопје, но отсега услугата ќе биде достапна континуирано, секогаш кога граѓаните ќе имаат потреба.

Пријавувањето за подигнување на кабаст отпад се врши на телефонскиот број:

070/288-897, од понеделник до петок, од 8:00 до 16:00 часот. Цената на услугата е 1.500,00 денари.

По извршена пријава, екипите на ЈКП ќе го подигнуваат отпадот во рок од 24 часа. Потребно е да биде оставен пред куќата или зградата.

Собраните количини се транспортираат и соодветно се депонираат во ЈП „Дрисла“, согласно важечките еколошки стандарди.

Кабаст отпад кој може да се пријави: стар мебел, врати, прозорци, душеци, друг кабаст домашен отпад.

Отпад кој не се прифаќа: градежен шут, електронски отпад, гуми, опасен отпад (боја, хемикалии и слично).

„Правилното депонирање на отпадот е законска обврска. Општина Кисела Вода апелира до граѓаните да придонесат кон одржување на чиста и уредна околина“, соопштија од Општина Кисела Вода.

реклама

Нова мапа на Европа предизвика жестока дебата за Балканот

Read more

Вучиќ: Отидоа да се сончаат во Дубаи сега бараат виновници во нас кои им помагаме

Read more

Иранската телевизија објави видео од уништувањето на Техеран

Read more

Хегсет: Иран се обиде да го убие претседателот Трамп

Read more

Македонија

Во Македонија 31,2% од децата имаат зголемена телесна тежина, потребни се итни системски интервенции

Read more

Претежно облачно со слаб локален дожд низ целата земја

Read more

МНР одвои речиси милион евра за евакуација на Македонците од Блискиот Исток

Read more

Ревизија во Министерството за односи меѓу заедниците: Плати без присуство на вработени, гориво точено во приватни возила

Read more
 

Вести

  • filter

Ким Џонг Ун пловеше со новиот разурнувач и гледаше лансирање проектили

Читај повеќе
  • play_arrow

Иранската телевизија објави видео од уништувањето на Техеран

Читај повеќе

ОН: Ниту една земја во светот не постигнала целосна правна еднаквост на жените

Читај повеќе

Во Македонија 31,2% од децата имаат зголемена телесна тежина, потребни се итни системски интервенции

Читај повеќе

Претежно облачно со слаб локален дожд низ целата земја

Читај повеќе

Скопјанец ширел омраза кон македонската држава и идентитет преку Facebook

Читај повеќе

Нова мапа на Европа предизвика жестока дебата за Балканот

Читај повеќе

Хегсет: Иран се обиде да го убие претседателот Трамп

Читај повеќе

Два нови случаи на семејно насилство во Скопје

Читај повеќе