Осомничениот раководител во РЕК доби затворски притвор, куќниот е укинат поради можност за бегство

Предлогот на Основното јавно обвинителство Битола е прифатен од Кривичниот совет на Основниот суд во Битола и на осомничениот сопственик на правното лице „Марковски компани“ му е определена мерка притвор, соопшти ЈОРСМ. Со ова, како што се наведува во информацијата, е уважена жалбата и аргументите изнесени од битолското обвинителство, особено во поглед на ризикот од бегство на осомничениот, и е преиначена одлуката на судијата на претходна постапка.

ОЈО Битола уште не е известено за одлуката по поднесената жалба на мерката куќен притвор за осомничениот раководител во РЕК, посочуваат од ЈОРСМ.

Битолското обвинителство вчера поднесе жалба за одлуката на Судот, со која се предвидуваше двајца од осумте осомничени во истрагата за злоупотреби со јавните набавки во РЕК Битола да одат во куќен притвор. Од Обвинителството од Битола бараа мерка затворски притвор, а како причина за тоа се наведуваа ризици од бегство на осомничените. Притвор се бараше за еден од раководителите на Рудници во РЕК Битола и за Борче Марковски, сопственикот на фирмата „Марковски компани“, која претходно ги добивала тендерите во Комбинатот и која како правен субјект се сомничи во случајот. Судот ја преиначи одлуката и одреди мерка притвор за Марковски.

Како што претходно информираа од ОЈО Битола, надлежниот јавен обвинител не се согласи со одлуката на Судот, имајќи ги предвид ризиците од бегство на осомничените, посебно што Марковски има значителен имот во друга држава. Од тие причини Обвинителството вложи жалба на одлуката на Судот и бара мерка затворски притвор.

На ваквата одлука на битолскиот суд реагирааше ВМРО-ДПМНЕ, од каде сметаат дека ваквиот потег е срамен, потенцирајќи дека нема да дозволат, како што велат, судството на СДСМ и ДУИ да ги ослободува криминалците.

„Срамна одлука на Судот, газдата на Марковски компани со стотици милиони местени тендери во РЕК наместо во затворски притвор, доби куќен притвор. Газдата на Марковски компани е фатен инфлагранти како испумпува пари од РЕК со документи и докази е заштитен од судот на СДС и ДУИ. Газдата на Марковски компани мора да каже каде завршија милиони евра од тендерите, дали крајна дестинација биле фирми на Заеви во Бугарија и Дубаи, дали со тие пари е финансирана СДС и дали со тие пари се купувани други бизниси на Заеви?“, изјави Валентин Манасиевски од ВМРО-ДПМНЕ.

Јавното обвинителство донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 8 физички и едно правно лице за продолжени кривични дела поврзани со јавни набавки во РЕК Битола.

Петмина службени лица во РЕК Битола, меѓу кои тогашниот директор на Комбинатот и четворица раководители и директори во ПЕ Рудници во РЕК Битола, се сомничат дека во текот на 2023 година како соизвршители сториле продолжено кривично дело „злоупотреба на службената положба и овластување“ така што не ја извршиле својата службена положба и овластување со намера на друг да му прибават корист, а да го оштетат комбинатот, односно спротивно на основниот рударски проект и на потребите на рудникот „Живојно“ организирале и реализирале јавна набавка за дислокација на погонски станици од рудникот „Осломеј“ во ПЕ Рудници – РЕК Битола.

Правното лице, сопственикот/управител и уште едно лице вработено во правното лице ДТПУ „Марковски компани“ се сомничат дека иако биле свесни дека работите не се извршени, доставувале фактури врз основа на кои од РЕК Битола незаконски наплатиле 106.200.000 денари со вклучен ДДВ, со што сториле продолжено кривично дело Злоупотреба на постапката за јавен повик и јавно-приватно партнерство.

Со предистражните дејствија кои, како што информираа од Обвинителството, по наредба на јавниот обвинител ги преземала Управата за финансиска полиција во изминатите неколку месеци, се обезбедени докази кои даваат основано сомнение дека петмина осомничени – службени лица во РЕК Битола, односно тогашниот директор на комбинатот и четворица раководители и директори во ПЕ Рудници во РЕК Битола, во текот на 2023 година како соизвршители сториле продолжено кривично дело – Злоупотреба на службената положба и овластување според член 353 став 4 во врска со став 1 од Кривичниот законик.

Тагови
реклама

Директорот на Алсат, Лирим Хајредини, пронајден мртов со повреди на телото

Read more

Кои се најдобрите половни автомобили до 3.000 евра? 

Read more

Како сами да отстраните мали гребнатини од автомобилот без да ја оштетите бојата?

Read more

ФБИ го пратиле во џамија да шпионира, верниците го пријавиле во ФБИ за екстремен фанатизам

Read more

Македонија

МВР: 13 лица повикани во полиција за споделување информации за водата во Скопје, ниту еден од нив не кажал веродостоен извор

Read more

Итна дезинсекција во Општина Гази Баба поради бројот на случаи со западнонилска треска

Read more

Побарано продолжување на куќниот притвор за Артан Груби

Read more

Скопски „Водовод“ пријави во полиција две лица кои ја кренале паниката за ешерихија коли во градскиот водовод

Read more

Вести

Унгарија деноноќно гради брана на Дунав за ладење на нуклеарна централа

Читај повеќе

МВР: 13 лица повикани во полиција за споделување информации за водата во Скопје, ниту еден од нив не кажал веродостоен извор

Читај повеќе
  • play_arrow

Дел од фабрика за муниција во Италија летна во воздух

Читај повеќе

Итна дезинсекција во Општина Гази Баба поради бројот на случаи со западнонилска треска

Читај повеќе

Рама: Албанија е доволно зрела, нема да ја казни Украина

Читај повеќе
  • play_arrow

Експлозија во најголемото европско пристаниште: Еден мртов, неколку повредени

Читај повеќе

Побарано продолжување на куќниот притвор за Артан Груби

Читај повеќе

Скопски „Водовод“ пријави во полиција две лица кои ја кренале паниката за ешерихија коли во градскиот водовод

Читај повеќе

Инфлацијата во Шпанија достигна 3,6%, највисока во последните две години

Читај повеќе