По цели 6 години повторно во функција е специјализираната продавница за сувенири во центарот на Скопје.
Сувенирницата на Музејот на Македонија, која се наоѓа во Порта Македонија ќе работи од понеделник до сабота, од 9 до 17 часот. Нема да работи во недела и на државни празници.
Потег за поздравување на Музејот на Македонија во време кога Скопје го посетуваат с повеќе туристи, а има многу малку места каде што можат да купат автентични сувенири од градот и државата.
Од Музејот на Македонија велат дека сувенирницата располага со богата понуда на бројни производи, сувенири, копии, чадори, магнети, привезоци, шолји и што ли уште не.