Поскапува бензинот од полноќ

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ) донесе Одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,69% во однос на одлуката од 9 февруари.

Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат зголемување во просек: кај бензините за 2,599%, кај дизелот за 0,154%, кај екстра лесното масло за 1,247% и кај мазутот намалувањето е за 1,530%.

Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е понизок за 0,3576%.

Од 17 февруари од 0:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:

  • моторен бензин Еуросупер БС-95 – 73,00 ден/л
  • моторен бензин Еуросупер БС-98 – 75,00 ден/л
  • дизел гориво Еуродизел БС (Д-Е V) – 68,00 ден/л
  • масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) – 67,00 ден/л
  • мазут М-1 НС – 33,883 ден/кг

Малопродажните цени на бензините Еуросупер БС-95 и Еуросупер БС-98 се зголемуваат за 1,00 денар/литар.

Малопродажните цени на Еуродизел (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) не се менуваат.

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се зголемува за 0,233 денари/килограм и сега ќе изнесува 33,883 денари/килограм.

реклама

Македонија

Утре без струја делови од неколку скопски општини

Read more

СДСМ: Владата итно да ги прифати нашите законски решенија за цените на горивата

Read more

1.198 сообраќајни прекршоци изминатиот викенд, лишени од слобода 42 лица за безобѕирно возење

Read more

Нови цени на горивата од полноќ

Read more
 

Вести

Утре без струја делови од неколку скопски општини

Читај повеќе

По натпревар во Кисела Вода нападнати двајца фудбалски судии

Читај повеќе

Иран му порача на Зеленски: Киев ќе ги сноси последиците ако се вклучи во војната со Иран

Читај повеќе

СДСМ: Владата итно да ги прифати нашите законски решенија за цените на горивата

Читај повеќе

Трамп и Нетанјаху оставени сами: Сојузниците го отфрлаат конфликтот со Иран, велат „ова не е наша војна“

Читај повеќе

1.198 сообраќајни прекршоци изминатиот викенд, лишени од слобода 42 лица за безобѕирно возење

Читај повеќе

Што добива Западен Балкан од новата стратегија на ЕУ?

Читај повеќе

Нови цени на горивата од полноќ

Читај повеќе

Приведен возач без возачка дозвола и со 1,64 промили алкохол во крвта

Читај повеќе