Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
· во периодот од 11:00 до 14:00 часот, дел од корисниците од улицата Беаз Куле, општина Ѓорче Петров;
· во периодот од 11:00 до 15:00 часот, корисниците од улицата Теодосиј Синаитски – парни броеви до бр. 12., општина Карпош.
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради уличен дефект на водоводна цевка Ф250мм. на улица Мкедонска Косовска Бригада 23А позади зградите на Аквадукт, со прекинато водоснабдување ќе бидат дел корисниците на улицата Македонска Косовска Бригада од бензинската пумпа Мак Петрол до подвозникот Шуто Оризари, улицата 11, касарната Илинден, трговскит центар Поинт.