Претседателката порача: „Генералка Викенд“ треба да стане генералка 365 дена

За претседателката Гордана Силјановска-Давкова „Генералка Викенд“ треба да прерасне во „Генералка 365 дена”.

„Секој ден да го почнуваме вака, имитирајќи ги Јапонците кои прво зачистуваат таму каде што живеат, а кога се овде, дури и околу нашите згради, а потоа одат на работа. Ова мора да стане филозофија на животот!“, порача таа на отворањето на годинешната националната акција за чистење на отпад „Генералка викенд 2026“.

Говорејќи за односот на човекот кон природата, таа потсети на делото „Природен договор“ на францускиот филозоф Мишел Сера во коешто се истакнува дека човештвото мора да склучи пријателски договор со планетата Земја и да ја третира како рамноправен партнер.

Според неа, човекот наместо да живее во хармонија со природата, влегува во судир со неа, нарушувајќи ја природната рамнотежа и чекорејќи кон самоуништување. Таа додаде дека ваквите иницијативи претставуваат важен потсетник за потребата од промена.

Силјановска-Давкова го спомена неодамнешниот настан во нејзиниот Кабинет, чијашто цел беше да се поттикнат наставата и учењето во природа.

На градоначалникот на Скопје, му предложи да го следи примерот на градоначалничката на Париз, Ан Идалго која неколку париски улици трансформираше во зелени површини. 

„Зеленото е убаво, прекрасно. Скопје треба да озелени, ама претходно треба да го исчистиме“, порача претседателката.

Во денешното чистење на брегот на реката Вардар, во организација на Град Скопје во соработка со „Генералка викенд“ учествуваа 8 екипи распоредени од реката Лепенец до мостот „Киро Глигоров“, на северната и јужната страна на Вардар.

Во соработка со претпријатијата „Комунална хигиена“ и „Паркови и зеленило“, во акцијата за чистење на кејот на Вардар учествуваа волонтери од приватни компании и институции, како и средношколци и студенти.

„Генералка викенд 2026“ ќе се одржи од 8-10 мај во 80 општини низ целата држава на повеќе од 500 локации.

реклама

Животот се менува на подобро за 3 хороскопски знаци до крајот на јуни

Read more

Каде ќе биде најтопло морето во Грција до крајот на јуни?

Read more

Колку време му треба на црниот дроб да се опорави од алкохол?

Read more

Флорентино Перес победи на претседателските избори во Реал и објави: Жозе Мурињо е наш нов тренер

Read more

Македонија

Сончево со мала до умерена облачност, попладне услови за појава на нестабилност

Read more

Делови од Бутел и Кисела Вода денеска без струја

Read more

Филипче ќе ја враќа партијата на суштината на социјалдемократијата 

Read more

ДУИ објави документи од Катастар што ги поврзуваат Висар Ганиу и Недим Рама: 7 објекти на иста парцела

Read more

Вести

Министерот за одбрана на САД: Голем договор со Иран е блиску

Читај повеќе
  • play_arrow

Разорен земјотрес со јачина од 7,8 степени ги погоди Филипините

Читај повеќе

Иран: Ја нападнавме израелската воздухопловна база од која го нападнаа Либан

Читај повеќе
  • play_arrow

Израел нападна петрохемиски комплекс во Иран

Читај повеќе

Сончево со мала до умерена облачност, попладне услови за појава на нестабилност

Читај повеќе

Делови од Бутел и Кисела Вода денеска без струја

Читај повеќе

Русите го нападнаа регионот Запорожје: Петмина мртви, 14 повредени

Читај повеќе
  • play_arrow

Филипче ќе ја враќа партијата на суштината на социјалдемократијата 

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Куба почна да им дели пушки на цивилите

Читај повеќе