Примил награда од над 111.000 денари: Обвинителството бара притвор за Богоев и останатите осомничени во Царина

Постапувајќи по кривична пријава поднесена од Управата за финансиска полиција, предметен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 4 лица – поранешни директор и помошник директор на Царинската управа, управител на правен субјект и вработен во истиот субјект. На осомничените им се ставаат на товар кривичните дела Злоупотреба на постапката за јавен повик, доделување на договор за јавна набавка или јавно-приватно партнерство, Примање награда за противзаконито влијание и Давање награда за противзаконито влијание, соопшти обвинителството.

„Постои основано сомнение дека во периодот од јули 2023 до март 2024 година осомничените ја изиграле постапката за доделување договори за јавна набавка за надворешно одржување на хигиена на гранични премини и терминали, при што преку фаворизирање на одреден економски оператор и ограничување на конкуренцијата му овозможиле на правниот субјект да се стекне со противправна имотна корист во износ од 18.479.692 денари.

Според обезбедените докази, првоосомничениот, користејќи ја својата службена положба и влијание како директор на Царинската управа, влијаел врз спроведувањето на тендерската постапка во корист на избраниот понудувач, додека второосомничениот, во својство на помошник директор, влијаел врз други економски оператори да не учествуваат во завршната фаза од постапката.

Во рамките на истрагата се обезбедени докази и за примање и давање награда за противзаконито влијание, при што првоосомничениот примил награда во износ од 111.600 денари за искористување на својата службена положба и реално влијание“.

Со цел непречено водење на кривичната постапка, јавниот обвинител до судијата на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје ќе достави предлог за определување мерка притвор за сите четворица осомничени, информираат од обвинителството.

реклама

Хирон влегува во Бик по 50 години: Голема среќа за 3 хороскопски знаци

Read more

Крај на доплатата за рачен багаж во Европа: Бесплатен куфер со секоја карта од 2027 година

Read more

Трамп преку ноќ го укина пристапот на Европа до најмоќните AI модели

Read more

Едноставен рецепт кој плени со својата свежина: Сочен колач со лимон и ф'стаци

Read more

Македонија

Осум години од потпишувањето на Преспанскиот договор

Read more

ЦУК: До 18 часот регистрирани се 14 пожари на отворено

Read more

Невреме во Скопје и Куманово, утре попладне повторно пороен дожд и грмежи

Read more

Владата го изгласа пуштањето во употреба на One Stop Shop со Албанија

Read more

Вести

Родителите на Коста К. слушнале снимка од разговорот со полицијата во кој го признава масакрот

Читај повеќе

Осум години од потпишувањето на Преспанскиот договор

Читај повеќе

Хилари Клинтон: Џо Бајден направи ужасна грешка

Читај повеќе

Колапс на кубанскиот туризам

Читај повеќе

Скопјанецот кој запали дипломатски возила бензинот го купил од бензинска во близина на бугарската амбасада

Читај повеќе

Лавров: Би било добро ако Украина се приклучи на ЕУ, тогаш би се распаднала

Читај повеќе

Објавен договорот меѓу САД и Иран, има 14 точки

Читај повеќе

ЦУК: До 18 часот регистрирани се 14 пожари на отворено

Читај повеќе

Невреме во Скопје и Куманово, утре попладне повторно пороен дожд и грмежи

Читај повеќе