ПРИЗМА: Тони опасна прашина се разлева на плац зад „Макстил“

Стотици џамбо вреќи полни со опасна филтерска прашина од челичарницата „Макстил“ се оставени на отворен плац близу фабриката, во кругот на поранешната скопска Железарница. Дел од вреќите што со години стојат таму се отворени, оштетени или скинати, а од некои половина материјал е истурен, објавува ПРИЗМА во текст на Јасмина Јакимова и Гоце Трпковски.

Станува збор за прашина што содржи тешки метали, поради што е класифицирана како опасен отпад. Се создава при топењето старо железо за производство на челик, а филтерскиот систем служи за да ја собере и да го спречи нејзиното ширење низ воздухот. Ова е наложено во А-интегрираната еколошка дозвола што компанијата ја поседува повеќе од пет години и без која не може да работи.

Постапувањето со овој отпад не соодветствува секогаш со правилата пропишани во А-дозволата, според кои, прашината треба да се чува, или во складиште, или во добро затворени вреќи, и да не останува подолго од 36 месеци, туку да се даде некаде на обработка.

Државниот инспекторат за животна средина, кој е должен да контролира дали се исполнуваат условите од А-дозволата, досега не утврдил проблем. Компанијата тврди дека, без оглед на пропустите во чувањето, во нивните редовни испитувања нема забележано загадување. Експертите што ги консултираше БИРН, пак, предупредуваат дека ризиците за почвата, водите и за воздухот се реални.

Целиот текст прочитајте го на ПРИЗМА:

Тагови
реклама
Како да направите домашна чоколадна торта?

Домашна чоколадна торта по рецепт на Џејми Оливер

Read more

Сопругата на судијата Ристов реагираше по сведочењето на неговите родители за скриените 350.000 евра

Read more

Financial Times открива: САД ќе ја блокираат испораката на оружје за Украина ако не престане да ги напаѓа руските рафинерии

Read more

Најопасната закана на Америка за Украина досега: Му се јавуваат на Киев… Им се јавуваат на сите во Европа

Read more

Македонија

Поради падот на температурите, грејната сезона започнува од утре

Read more

Казнети свадбарите што блокираа улица во Аеродром

Read more

Период на променливо облачно со повремени врнежи, на повисоките планини ќе бидат од снег

Read more

Сопругата на судијата Ристов реагираше по сведочењето на неговите родители за скриените 350.000 евра

Read more

Вести

Financial Times открива: САД ќе ја блокираат испораката на оружје за Украина ако не престане да ги напаѓа руските рафинерии

Читај повеќе

Шефицата на ММФ: Инвестициите во вештачка интелигенција го одржуваат глобалниот раст на 3%

Читај повеќе

Поради падот на температурите, грејната сезона започнува од утре

Читај повеќе

Маѓар за истополовите бракови: Многу сум претпазлив

Читај повеќе

Најопасната закана на Америка за Украина досега: Му се јавуваат на Киев… Им се јавуваат на сите во Европа

Читај повеќе
  • play_arrow

Казнети свадбарите што блокираа улица во Аеродром

Читај повеќе

Bloomberg тврди: Русија изгубила над 50.000 војници во септември