Прогласена 30-дневна кризна состојба во Гостивар

Владата на денешната 195 седница, на предлог на Управувачки комитет во состав на министерот за одбрана Владо Мисајловски, министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски, министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, министерот за здравство Сашо Клековски, министерот за транспорт Александар Николоски и директорот на Дирекција за заштита и спасување Стојанче Ангелов, како и надворешните членови министерот за животна средина и просторно планирање Муамет Хоџа, министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Борче Серафимовски, директорот на СОЗР Ивица Томовски, директорот на Институтот за јавно здравје Марија Андоновска, директорот на АХВ Оливер Миланов, директор на Инспекторат за животна средина Ивана Гиновска и претседателот на ЗЕЛС и градоначалник на Град Скопје Орце Ѓорѓиевски донесе одлука за прогласување на кризна состојба во Општина Гостивар во рок од 30 дена.

Со оглед дека локалната самоуправа не може да се справи со настаната состојба во Општина Гостивар, Владата донесе ваква одлука за прогласување на кризна состојба се со цел побрза координација на институциите како и ставање на водоснабдителниот систем во функција и обезбедување на вода за пиење во најкраток можен рок.

„Здравјето на граѓаните на Општина Гостивар останува фокус на Владата и посветени сме кон целосно решавање на овој проблем. Дополнително, очекуваме ЈО да спроведе детална истрага и да го расчисти случајот, одговорност мора да има за секој еден што го ставил во ризик здравјето и животите на гостиварчани“, соопштија од Владата.

Во Гостивар од саботата е прогласена епидемија, а водата од градскиот водовод е забранета за употреба. Над 3.200 граѓани досега побарале лекарска помош поради стомачни тегоби.

реклама

Со која состојка најлесно се чистат жолти дамки и маснотии од PVC прозорци?

Read more

Која професија има најголем ризик од зрачење и канцер?

Read more

Колку овошје и зеленчук треба да јадеме дневно?

Read more

Русија ѝ се закани на Велика Британија

Read more

Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Не е точно дека е фрлена бомба во домот на полицаец

Read more

Утре без вода делови од Општина Центар

Read more

ЕСМ потпиша договор со косовски KEK за снабдување со јаглен во наредните три години

Read more

Поради западнонилската треска Клековски бара граѓаните да ги испразнат базените

Read more

Вести

ВМРО-ДПМНЕ: Не е точно дека е фрлена бомба во домот на полицаец

Читај повеќе

Како Ведрана Рудан зборуваше за смртта

Читај повеќе

Почина хрватската писателка и колумнистка Ведрана Рудан

Читај повеќе
  • play_arrow

Русија ѝ се закани на Велика Британија

Читај повеќе

Судот го блокира планот на Трамп да го премести седиштето на ФБИ

Читај повеќе

За една ноќ казнети 63 возачи за возење под дејство на алкохол, 8 уапсени

Читај повеќе

Трамп го тужи BBC за 10 милијарди долари

Читај повеќе

Венецуела бара враќање на 31 тон злато од Обединетото Кралство

Читај повеќе

Утре без вода делови од Општина Центар

Читај повеќе