Работа од дома и ослободување на бремените жени препорача Владата поради топлотниот бран

Владата ја разгледа и усвои информацијата за спроведување на мерки за превенирање на последиците од топлотните бранови врз здравјето на населението.

Се задолжуваат сите министерства, органи на државна управа и други надлежни институции активно да ги спроведуваат мерките и препораките и да ги известат и координираат сите подрачни служби, јавни установи и други правни субјекти во нивна надлежност за спроведување на мерките односно:

– Јавни комуникации и информирање, Министерството за здравство, во координација со УХМР и ИЈЗ, редовно да информира за состојбата со топлотниот бран.

– Активирање на планови за вонредни услови, сите здравствени установи, установи за згрижување на стари лица и образовни институции да постапат согласно интерните протоколи за кризна состојба.

– Работни услови и заштита на работниците, да се разгледа можноста за:

Одложување на работниот процес во критичните часови (11:00–17:00) за работници изложени на директна топлина;

Работа од далечина, флексибилно или двократно работно време каде што е изводливо;

Работодавачите да обезбедат микроклиматски услови за работа согласно Акцискиот план: простории со температура до 25°C, освен таму каде што природата на работниот процес налага поинаку;

Ослободување од работни обврски за бремени жени и лица постари од 60 години, доколку работодавецот не е во можност да создаде соодветни микроклиматски услови за работа.

- Да се реорганизираат работните процеси за вработените изложени на директна топлина;

- Здравствените, образовните и социјалните установи да постапат согласно плановите за вонредни состојби, да го ротираат персоналот, и да обезбедат климатизирани простории за пациентите и вработените;

- Центрите за социјална работа, локалната самоуправа и Црвениот крст да ја интензивираат теренската поддршка за осамени, стари и бездомни лица;

- Образовните установи и градинките да избегнуваат активности на отворено во периодот од 11:00 до 17:00 часот;

- Работодавачите да обезбедат соодветни услови за работа (температура до 25°C) и по можност да применат онлајн работа или флексибилно работно време;

- Да се обезбеди климатизиран јавен превоз за граѓаните во текот на целиот ден.

Од денеска државава е на удар на топлотен бран кој ќе трае до петок. Институтот за јавно здравје вчера излезе со препораки за заштита на граѓаните.

реклама

Што ви носи големиот неделен хороскоп од 7 до 13 септември?

Read more

Хеликоптер што гаснеше пожар го „истушира“ Ангелов додека даваше изјава 

Read more

Реал Мадрид десеткуван пред средбата со Интер

Read more

Путин со часови разговараше со најблиските луѓе на Трамп

Read more

Македонија

Хеликоптер што гаснеше пожар го „истушира“ Ангелов додека даваше изјава 

Read more

Генералниот секретаријат се огласи за возачот фатен со обележани 500 евра

Read more

Возачот на Јанушев барал 1.500 евра за вработување пожарникар, фатен со обележани 500 евра

Read more

Почна ослободувањето на трасата за скопскиот „мост што води во дневна соба“

Read more

Вести

  • play_arrow

Хеликоптер што гаснеше пожар го „истушира“ Ангелов додека даваше изјава 

Читај повеќе

Зошто европските земји го повлекуваат своето злато од Америка?

Читај повеќе

Генералниот секретаријат се огласи за возачот фатен со обележани 500 евра

Читај повеќе

Возачот на Јанушев барал 1.500 евра за вработување пожарникар, фатен со обележани 500 евра

Читај повеќе

6 септември 1923, роден е последниот крал на Кралството Југославија

Читај повеќе

Фон дер Лајен го зајакнува партнерството со Гренланд

Читај повеќе

Грчкиот премиер го откри планот за зголемување на платите пред изборите

Читај повеќе

Путин со часови разговараше со најблиските луѓе на Трамп

Читај повеќе

ОН изгласа нова мапа на светот: Европа и Америка се намалуваат, Африка расте

Читај повеќе