Самитот ЕУ–Западен Балкан: Што медиумите не пренесоа, а аналитичарите прескокнаа

Пратеникот од редовите на Левица, Реџеп Исмаил, направи своја анализа на Самитот ЕУ–Западен Балкан, потенцирајќи го она што медиумите не го пренесоа, а аналитичарите го прескокнаа.

„Не дека до сега не беше јасно, но сега, после овој Самит кој се одржа вчера, на кој присуствуваше и премиерот Мицковски, недвосмислено стана јасно дека ЕУ ја одржува 'европската перспектива' како стратегиска неодреденост: доволно силна за да го врзе (поточно заглави) регионот институционално, но доволно нејасна за да не создаде обврска за прием.

Дополнително се потврди дека билатералните спорови не се 'отстапување од правилата', туку вграден инструмент на контрола што ѝ овозможува на Унијата внатрешен мир (меѓу земјите-членки) на сметка на надворешна неправда (кон кандидатите). И тука колку и да се правиме слепи, тоа веќе и на кожа нѐ жежи.

Но, она што конкретно од Самитот ниту еден медиум не го пренесе, а ниту еден од интелектуалата не го забележа (намерно или ненамерно), самитот ЕУ–Западен Балкан веќе не е само прашање на проширување. Тој јасно покажа дека Западен Балкан е поважен за геополитичката конфронтација на ЕУ со Русија отколку за самата европска интеграција. Можеби ЕУ проширувањето не е блокирано, но тоа функционира точно како што е дизајнирано: како процес без рок, со услови што растат побрзо од наградите. Всушност 'проширувањето' за ЕУ е инструмент за контрола, а не награда. Македонија и регионот се третираат како стратешки простор што треба да се усогласи, а не како рамноправни партнери.

Во ваков контекст, продолжувањето со истата надворешна политика не е прагматизам, туку политичка инерција. Можеби не треба да ја напуштиме ЕУ, но мора да ја напуштиме илузијата за ЕУ. Време е конечно да ја признаеме оваа реалност и да развиеме алтернатива, без илузии“, вели пратеникот на Левица.

реклама

Кинеското разузнавање го разоткри Израел: Мосад ја оркестрирал мигрантската криза во Шпанија како одмазда

Read more

Чорба вендинг машина

Read more

Руски дронови нападнаа германски товарен брод во Црното Море

Read more

Тајните на ФБИ од СП го шокираа светот: Влегувам на стадионот за да го разнесам Меси со 4 бомби

Read more

Македонија

7 нови случаи на Западен Нил во Скопје за една недела, 3 пациенти во критична состојба

Read more

Гаши ги распиша предвремените избори за градоначалник на Брвеница за 18 октомври

Read more

Левица: РКЕ крои тарифи со компаниите, а народот ќе биде известен кога ќе му пристигне сметка за струја

Read more

ССНМ: Новинарите мора да имаат пристап до информации

Read more

Вести

7 нови случаи на Западен Нил во Скопје за една недела, 3 пациенти во критична состојба

Читај повеќе

Тетовец ја избркал сопругата од дома со трите малолетни деца, а потоа физички ја нападнал

Читај повеќе

Politico: Црна Гора и Исланд би можеле заедно да влезат во ЕУ

Читај повеќе

Гаши ги распиша предвремените избори за градоначалник на Брвеница за 18 октомври

Читај повеќе

Левица: РКЕ крои тарифи со компаниите, а народот ќе биде известен кога ќе му пристигне сметка за струја

Читај повеќе

ССНМ: Новинарите мора да имаат пристап до информации

Читај повеќе

Скопјанец возел со 3,29 промили алкохол и предизвикал сообраќајка

Читај повеќе

Кинеското разузнавање го разоткри Израел: Мосад ја оркестрирал мигрантската криза во Шпанија како одмазда

Читај повеќе

Саудиска Арабија, Турција и Пакистан ги здружуваат силите: Потпишуваат одбранбен договор

Читај повеќе