СДСМ: Македонија повеќе не е на европската мапа, Мицкоски ја турна државата во изолација

Последните пораки од Европската Унија се најсилниот доказ дека Македонија повеќе не е на европската агенда, оцени СДСМ.

Од опозициската партија велат дека додека ЕУ отвора нови кластери и поглавја со други земји кандидати, Македонија повторно останува надвор од европските процеси.

„Украина и Молдавија ги отвораат преговорите, Црна Гора и Албанија напредуваат, а нашата држава не е дел од европската динамика. Ова е директна последица на однапред смислените политики на Христијан Мицкоски и организираната криминална група ВМРО. Наместо напредок, Македонија денес е заглавена, заложник на лажните ветувања на Мицкоски, неспособноста за државна политика и криминал“, се наведува во соопштението.

СДСМ вели дека застојот во евроинтеграциите има и економски последици, бидејќи земјите кои напредуваат кон Европската Унија добиваат значителна финансиска поддршка за развој.

„Оваа политичка изолација што ја направи Мицкоски има и сериозни економски последици. Додека земјите што напредуваат кон Европската Унија добиваат милијарди евра неповратна европска поддршка за развој, Македонија се задолжува со нови милијарди евра кредити, а граѓаните живеат со сè пониски плати, пад на инвестициите и сè послаба економија. Црна Гора добива 3,2 милијарди евра, Хрватска досега има добиено 30 милијарди евра. Toa се пари за подобро образование, здравство, поддршка за земјоделците, силна економија и подобар животен стандард. Со блокада на европската иднина, Македонија ризикува да остане последна во регионот поради интересите на една криминална група која се плаши од правда и од Европа“, пишуваат од СДСМ.

реклама

Македонија

Сојузот на борци од Тетово бара со закон да се забрани именувањето улици во чест на фашисти

Read more

Утре времето ќе биде сончево и многу топло

Read more

Гужва на Табановце: Странци чекаат ред за да платат казни снимени од Безбеден град

Read more

Лажни пораки наводно испратени од Безбеден град стигнуваат до граѓаните, МВР со апел како да ги препознаете

Read more

Вести

  • play_arrow

Како сцена од филм: Унгарци снимале како минуваат низ страшниот пожар кај Омиш

Читај повеќе

Сојузот на борци од Тетово бара со закон да се забрани именувањето улици во чест на фашисти

Читај повеќе

Утре времето ќе биде сончево и многу топло

Читај повеќе

Гужва на Табановце: Странци чекаат ред за да платат казни снимени од Безбеден град

Читај повеќе

Лажни пораки наводно испратени од Безбеден град стигнуваат до граѓаните, МВР со апел како да ги препознаете

Читај повеќе

Сестрата на Ким Џонг Ун му одговори на Зеленски: Неговите тврдења се неосновани

Читај повеќе

УЈП во Охрид: Сите што издаваат сместување и опрема за рекреација на вода имаат обврска да платат данок на личен доход

Читај повеќе

ЈСП пушти нова линија, ќе вози од Радишани до Карпош 3

Читај повеќе

Топењето на глечер откри морничава тајна стара 34 години: Пронајдени двајца исчезнати алпинисти

Читај повеќе