Штекли доставил психијатриско мислење дека не е способен да го следи судењето, рочиштето одложено за во август

Почетокот на судскиот процес против Раде Трајковски, познат како Штекли, и уште 9 лица обвинети за организирана трговија со дрога, е одложено за 7 август.

Судот претходно информираше дека Трајковски бил во неконтактибилна и дезориентирана состојба, поради што бил итно пренесен во болница, но подоцна стигна информација дека неговото транспортирање се одложило поради потреба од полициска асистенција.

Судијата посочи дека судот не може да чека цел ден да се однесе обвинетиот на лекар и го презакажа рочиштето за почетокот на август. Обвинителството, во меѓувреме, ја навести и можноста за ново психијатриско вештачење откако обвинетиот доставил мислење дека не е способен да го следи процесот.

Станува збор за случај што произлегува од долготрајна истрага спроведена од Обвинителството за гонење организиран криминал, во која првично беа опфатени вкупно 16 лица. Дел од нив веќе склучија спогодби со обвинителството и добија затворски казни, а главното рочиште треба да ги опфати останатите десетмина обвинети. Според обвинението, групата функционирала со јасно утврдена структура, а дрогата се чувала во изнајмени станови и се продавала на црниот пазар по однапред утврдени цени. Комуникацијата меѓу членовите се одвивала преку мобилни апликации, а клучни докази биле обезбедени преку анализа на телефонски уреди со специјализиран софтвер.

Тагови
реклама

Старт-стоп системите стануваат минато

Read more

Затишје пред бура: Цените на половните автомобили пред драматична промена

Read more

Германија подготвува најстрог сообраќаен закон: Целосна забрана за апликации за предупредување од камери

Read more

Малолетник возел без дозвола и удрил во 42-годишник

Read more

Македонија

Поради врнежи од снег воведена забрана за камиони и автобуси на патот Тетово-Попова Шапка

Read more

Ѓорѓиевски ќе урива дивоградби низ Скопје

Read more

Пациенти со хемофилија со месеци без „фактор 8“, се бара одговор од МЗ

Read more

УЈП: Крајниот рок за поднесување електронска пресметка за доход остварен во странство во 2025 година е 31 март 

Read more
 

Вести

Ја давел и ја претепал бремената партнерка, се спасила откако го убедила да ја носи на лекар, па побегнала додека стоеле на семафор

Читај повеќе

Поради врнежи од снег воведена забрана за камиони и автобуси на патот Тетово-Попова Шапка

Читај повеќе

Ѓорѓиевски ќе урива дивоградби низ Скопје

Читај повеќе

Иран испраќа порака до САД: Докажете дека навистина сакате договор

Читај повеќе

Пациенти со хемофилија со месеци без „фактор 8“, се бара одговор од МЗ

Читај повеќе

УЈП: Крајниот рок за поднесување електронска пресметка за доход остварен во странство во 2025 година е 31 март 

Читај повеќе

Денеска повремени врнежи од дожд, од утре заладување

Читај повеќе

Апасиев: Левица ќе ѝ поднесе кривична пријава на Цвета Ристовска

Читај повеќе

Пет европски земји: Навални бил отруен со токсин што го има во еквадорски жаби

Читај повеќе