Силјановска-Давкова на самитот на НАТО: Македонската држава останува посветен и кредибилен сојузник

Претседателката Гордана Силјановска-Давкова денеска се обрати на 36. Самит на НАТО, којшто се одржува во Анкара.

Таа истакна дека шефовите на држави и влади на Самитот испратиле силна порака за единство, солидарност и заедничка одговорност на сојузниците во справување со глобалните безбедносни предизвици.

Според неа, земјите-членки покажале јасна подготвеност да го преземат својот дел од товарот во обезбедувањето на заедничката безбедност преку јакнење на сопствените одбранбени способности и зголемување на инвестициите во одбраната.

Претседателката посочи дека македонската држава останува посветен и кредибилен сојузник, којшто активно придонесува кон безбедноста на Алијансата и продолжува со унапредување на своите одбранбени капацитети.

Осврнувајќи се на европската перспектива на Западен Балкан врзано за регионалната стабилност, Сиљановска-Давкова укажа дека принципите на еднаквост, солидарност и кредибилност, кои се манифестираат во рамките на НАТО, треба доследно да се применуваат и во процесот на европската интеграција. Според неа, обединета Европа не може да биде целосна без интеграција на регионот и крајно време е по 13 години да се откочи процесот на прием на нови членки.

Таа оцени дека кохезијата меѓу сојузниците останува најсилната гаранција за зачувување на мирот, стабилноста и безбедноста, додавајќи дека мирот, дијалогот и почитувањето на меѓународното право се темелните предуслови за траен демократски развој.

Според претседателката, мотото „Посилна Европа, посилно НАТО“ ја добива својата целосна смисла само доколку се темели врз единство, демократија и мир.

„Проширена и обединета Европа е посилна Европа, но најсилна е Европа која живее во мир и останува доследна на принципите и вредностите врз кои е изградена евроатлантската заедница“, порача Силјановска-Давкова.

реклама

Ловоровите листови не се само за готвење, можете да ги користите во вашиот дом

Read more

Свини го запали интернетот во проѕирен боди од чипка

Read more

Шест лица учествувале во физичка пресметка по сообраќајка во Ѓорче Петров

Read more

Џака: Ако Аргентина на ваков начин стигна до полуфиналето…

Read more

Македонија

СДСМ: Македонија повеќе не е на европската мапа, Мицкоски ја турна државата во изолација

Read more

Артилериска граната тешка 13,6 кг отстранета од плажа во Дојран

Read more

Променливо облачно со сончеви периоди, попладне можен пороен дожд и грмежи

Read more

Драма на небото над Македонија: Се скршил прозорец на авион, патник за малку ќе излетал

Read more

Вести

Прогласено највисоко ниво на закана во Ормускиот Проток

Читај повеќе

Словенец приведен во Прилеп откако го симнал и запалил општинското знаме

Читај повеќе

СДСМ: Македонија повеќе не е на европската мапа, Мицкоски ја турна државата во изолација

Читај повеќе

Артилериска граната тешка 13,6 кг отстранета од плажа во Дојран

Читај повеќе
  • play_arrow

Иран го затвори Ормускиот Проток, САД возвратија со нов бран напади врз над 140 воени цели

Читај повеќе

Шест лица учествувале во физичка пресметка по сообраќајка во Ѓорче Петров

Читај повеќе
  • play_arrow

Најмалку две лица загинаа во пукање на фестивал во Торонто

Читај повеќе

Иран: Нема да преговараме со САД додека Вашингтон не го промени пристапот

Читај повеќе

Променливо облачно со сончеви периоди, попладне можен пороен дожд и грмежи

Читај повеќе