Рекламните спотови на политичката партија Левица не можат да се видат на телевизиските канали поради скандалозната одлука на АВМУ за цензурирање на оваа партија.
Левица за овие локални избори функционира онлајн, а веќе ги објави сите четири спотови што требаше да се прикажуваат и на ТВ.
„СЕГА имаш реална шанса да гласаш за нешто автентнично. Утре ќе биде касно. Не оставај пак корумпираните да си поиграат со твојата судбина“, е пораката од последниот спот, објавен синоќа.