Скоро 87% од нафтените деривати минатата година во Македонија биле увезени од Грција

Скоро 87% од нафтените деривати минатата година биле увезени од Грција, покажуваат податоците од Годишниот извештај за работата на Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ) за 2025 година.

Во извештајот се наведува дека за 8,34% е зголемена потрошувачката на бензините во текот на изминатата година во споредба со 2024 година.

За истиот период, раст на потрошувачката е регистриран и кај дизелот (5,17%), екстра лесното масло (2,23%) и кај течниот нафтен гас – ТНГ(3,55%), додека пад во потрошувачката има кај млазното гориво за (-53,29%), мазутот (-1,12%) и кај потрошувачката на биодизел (-2,52%).

Продажбата на нафтени деривати на домашниот пазар за една година е зголемена за 4,88%. Во структурата на потрошувачката најголем удел има дизел горивото со 74,16%, по што следуваат безоловните бензини со 11,74%, мазутот со 6,61% и течниот нафтен гас со 5,22%.

Извештајот, исто така, покажува дека скоро 87% од нафтените деривати во текот на минатата година биле увезени од Грција, над 9% од Бугарија, 2,07% од Албанија, и 1,45% од Србија.

„Во 2025 година го завршивме повторното лиценцирање на големите нафтени компании, што во пракса значи дека во следните 10 години се обезбедени предуслови за непречено снабдување со нафтени деривати“, изјави Ацо Ристов, претседател на РКЕ.

Во извештајот се наведува дека потрошувачката на природниот гас остана стабилна. Податоците покажуваат дека ТЕТО и трите топлани се најголеми потрошувачи (85%), втори се индустриските потрошувачи (13%), додека потрошувачките кои се приклучени на системите за дистрибуција на природен гас се со најмал удел (2%).

Осум трговци вршеле увоз на природен гас во текот на изминатата година, што претставува зголемување на конкурентноста.

Во 2025 година „Енерџи Еколинк“ АД Скопје (поранешна Топлана Скопје Север) се стекна со две лиценци од кои едната е за производство, а втората за снабдување со топлинска енергија.

реклама

Крај на доплатата за рачен багаж во Европа: Бесплатен куфер со секоја карта од 2027 година

Read more

Хирон влегува во Бик по 50 години: Голема среќа за 3 хороскопски знаци

Read more

Јупитер ги отвора вратите кон парите за 4 хороскопски знаци ова лето

Read more

Запознајте ја земјата што ја сопре Шпанија: Зелен ’Рт е скриен бисер на Атлантскиот Океан

Read more

Македонија

Утре сончеви периоди и температури до 34 степени, попладне нестабилно

Read more

Европскиот парламент го изгласа извештајот за Македонија, задржан спорниот дел за историјата

Read more

Филипче го честита роденденот на ВМРО-ДПМНЕ со пораката: Македонија единствено забрзува кон пропаст

Read more

СДСМ: Нацрт-извештајот на ЕП ја потврди вистината – нема реформи, Мицкоски ја оддалечува Македонија од ЕУ

Read more

Вести

Петмина скопјани под истрага за тероризам: Формирале група и ширеле пропаганда на ИСИС

Читај повеќе

Утре сончеви периоди и температури до 34 степени, попладне нестабилно

Читај повеќе

Европскиот парламент го изгласа извештајот за Македонија, задржан спорниот дел за историјата

Читај повеќе

Филипче го честита роденденот на ВМРО-ДПМНЕ со пораката: Македонија единствено забрзува кон пропаст

Читај повеќе

Четвртото издание на фестивалот Credence Dance – Вечери на класичен и современ танц почнува на 20 јуни

Читај повеќе

Русите навлегуваат во клучен украински град, уличните борби продолжуваат

Читај повеќе

СДСМ: Нацрт-извештајот на ЕП ја потврди вистината – нема реформи, Мицкоски ја оддалечува Македонија од ЕУ

Читај повеќе

Се проверува со кого и што зборувал скопјанецот што ги опожари автомобилите на бугарската амбасада

Читај повеќе

Кој во Европа троши најмногу за одбрана: Една земја ги надминува дури и САД

Читај повеќе