Со букет цвеќе Ѓорѓиевски ја испрати Арсовска и ја презеде градоначалничката функција

Со куса средба и букет свежо цвеќе заврши примопредавањето на должноста градоначалник на Град Скопје меѓу досегашната градоначалничка Данела Арсовска и новиот градоначалник Орце Ѓорѓиевски.

Ѓорѓиевски ѝ подари букет со свежо цвеќе на Арсовска.

Претходно, тој од Градската изборна комисија на Скопје го доби уверението дека е избран за прв човек на македонската метропола. Данела Арсовска денеска го заврши својот четиригодишен мандат за кој беше избрана во 2021 година.

„Од денес, градот Скопје е слободен, отворен и достапен за сите! Во просториите на Град Скопје денес се изврши чинот на примопредавање на функцијата градоначалник. Од овој ден испишуваме ново поглавје во историјата на нашиот град. Поглавје исполнето со работа, посветеност и резултати. Ветивме дека ќе работиме чесно, одговорно и без одлагање и тоа започнува веднаш! Во 20:30 часот започнува големата акција за чистење на градот. Во следните 72 часа ќе го исчистиме секој агол, секоја улица, секој запуштен простор. Скопјани повеќе нема да живеат во запуштеност ќе живеат во град достоен за нив. Тоа е она што го ветив пред вас и за што цврсто стојам!
Ги отстранивме и рампите. Скопје повеќе нема да биде затворен град, сега е отворен и за медиумите и за сите граѓани! Најавувам и целосна ревизија на работата на градската администрација. Секој кој се огрешил - ќе одговара. Секој кој не ја извршувал својата работа, ќе си замине. Но, секој чесен, вреден и одговорен работник ќе биде награден и почитуван. Време е да ставиме ред! Време е Скопје повторно да биде симбол на достоинство, ред и надеж. Скопје може подобро и тоа подобро, заедно го овозможуваме!“, соопшти новиот градоначалник.

И Арсовска се обрати преку социјалните мрежи:

„Почитувани сограѓани,

Денес функцијата му ја предадов на новоизбраниот градоначалник на Град Скопје, на кој му посакувам, пред сѐ многу здравје, а потоа чесно и посветено да го води градот како градоначалник на сите граѓани.

Ви благодарам на сите за континуираната поддршка, особено во мојата борба против организираниот криминал и корупцијата во градот, мисија во која ќе продолжам за да победи правдата, да понесе одговорност Висар Ганиу кој со својата организирана криминална банда до денес загрозува животи на илјадници наши сограѓани.“

реклама

Пилешките стекови ќе бидат посочни ако додадете една состојка пред готвењето

Read more

Од полноќ нови цени на горивата

Read more

Голем неделен хороскоп од 5 до 11 октомври

Read more

Случајот со седумте студенти обвинети за групно силување ја тресе Америка

Read more

Македонија

Левица: Коцкарниците на народот му ја земаат платата, брзите кредити иднината – 1,6 милијарди евра завршиле во коцкарската индустрија

Read more

Мицкоски: Фон дер Лајен ја оцени како инспиративна работата на Владата во реформите и патот за ЕУ

Read more

Од полноќ нови цени на горивата

Read more

Апел да не се купуваат дрва од дрвокрадци: Поддржувате уништување на шумите

Read more

Вести

Нови пронајдоци на локалитетот Расница: Откриено богато војничко погребување од VI век

Читај повеќе

Оперативна акција Чистач: 5.628 уапсени и 1.158 претреси во борбата против насилниот криминал, трговијата со дрога и прекуграничниот криминал

Читај повеќе

Левица: Коцкарниците на народот му ја земаат платата, брзите кредити иднината – 1,6 милијарди евра завршиле во коцкарската индустрија

Читај повеќе

BALFIN Group – над 52 милиони евра платени даноци во првите 6 месеци од 2026 година

Читај повеќе

ЕУ даде зелено светло за центри за депортација во трети земји: Како тоа ќе изгледа во пракса?

Читај повеќе

Мицкоски: Фон дер Лајен ја оцени како инспиративна работата на Владата во реформите и патот за ЕУ

Читај повеќе

Од полноќ нови цени на горивата

Читај повеќе
  • play_arrow

Шпанија оди на предвремени избори

Читај повеќе

Последна фаза до дигиталното евро: Дали Европа ќе ја прекине зависноста од американските платежни мрежи?

Читај повеќе