ССМ со апел да се почитуваат мерките за заштита од високите температури: Ако има неправилности, пријавете

Во насока на справување со најавените високи температури, Сојузот на синдикатите на Македонија бара од работодавачите да ги почитуваат марките за безбедност и здравје при работа, да го намалат и исклучат работењето на отворено за работниците во најтоплите делови од денот како и да ги обезбедат сите средства и мерки за заштита на животот и здравјето на работниците во овие услови.

„Потребно е да се почитуваат мерките на заштита и претпазливост за време на високи амбиентни температури, а за што веќе објави Институт за јавно здравје. Укажуваме дека од особено значење е да се почитуваат соодветните мерки за заштита на здравјето и животот на возрасните, хронично болните и бремените работнички“, велат од ССМ.

Додаваат дека значењето на животот и здравјето на работниците, во овие услови на екстремно високи температури е од исклучителна важност и сите заедно треба да го зачуваме здравјето на работниците и граѓаните, тие се двигатели на општеството.

Од Синдикатот ги повикаа работниците на кои не им се почитуваат правата, да пријават кај надлежните.

„Работодавачи зачувајте го здравјето на работниците, тие се ваши партнери. Работници почитувајте се, спроведувајте ги мерките за безбедност и здравје при работа, а доколку тоа право не ви се почитува пријавете кај вашиот синдикален претставник, претставникот на работниците за БЗР и Државниот инспекторат за труд. Непочитувањето на работничките права и праватa за безбедност и здравје при работа можете да ги пријавите во Сојузот на синдикатите на Македонија на: prijavi@ssm.org.mk, а исто така и преку мобилната апликација“, велат од ССМ.

реклама

Македонија

Сојузот на борци од Тетово бара со закон да се забрани именувањето улици во чест на фашисти

Read more

Утре времето ќе биде сончево и многу топло

Read more

Гужва на Табановце: Странци чекаат ред за да платат казни снимени од Безбеден град

Read more

Лажни пораки наводно испратени од Безбеден град стигнуваат до граѓаните, МВР со апел како да ги препознаете

Read more

Вести

  • play_arrow

Како сцена од филм: Унгарци снимале како минуваат низ страшниот пожар кај Омиш

Читај повеќе

Сојузот на борци од Тетово бара со закон да се забрани именувањето улици во чест на фашисти

Читај повеќе

Утре времето ќе биде сончево и многу топло

Читај повеќе

Гужва на Табановце: Странци чекаат ред за да платат казни снимени од Безбеден град

Читај повеќе

Лажни пораки наводно испратени од Безбеден град стигнуваат до граѓаните, МВР со апел како да ги препознаете

Читај повеќе

Сестрата на Ким Џонг Ун му одговори на Зеленски: Неговите тврдења се неосновани

Читај повеќе

УЈП во Охрид: Сите што издаваат сместување и опрема за рекреација на вода имаат обврска да платат данок на личен доход

Читај повеќе

ЈСП пушти нова линија, ќе вози од Радишани до Карпош 3

Читај повеќе

Топењето на глечер откри морничава тајна стара 34 години: Пронајдени двајца исчезнати алпинисти

Читај повеќе