Струмичкиот музеј бара помош од граѓаните: Доколку имате, испратете стара фотографија од кулата Пирго Каљ'ната

Бидејќи ќе се рекинструира некогашната одбранбена кула во селото Мокриево, струмичкиот музеј е во потрага по стари фотографии од кулата за што поверодостојна реконструкција.

„Со успешно реализираните конзерваторско-реставраторски работи ја стабилизиравме, заштитивме и зачувавме одбранбената кула Пирго Каљ'ната во село Мокриево, како значаен дел од нашето културно наследство“, информира НУ Завод за заштита на спомениците на култура и Музеј - Струмица.

Во изминатиот период изработиле идеен проект за реконструкција на кулата, а со поддршка од Општина Ново Село продолжува следната фаза, изработка на основен проект за реконструкција.

За да се изработи што поавтентично решение, потребна им е и вашата помош. Доколку поседувате стари фотографии од кулата, разгледници, архивски материјали, цртежи или какви било информации поврзани со Пирго Каљ'ната, испратете ги во НУ Завод за заштита на спомениците на култура и Музеј - Струмица.

„Секоја фотографија и секоја информација може да ни бидат од големо значење за што поверодостојна реконструкција на кулата. Ви благодариме за секоја споделена информација и за вашиот придонес во зачувувањето на нашето културно наследство“, велат оттаму.

Кулата се наоѓа во горниот дел на селото, над последните куќи. Се смета дека потекнува од времето на Цар Самоил и Беласичката битка од 29 јули 1014 година, но според најновите истражувања е утврдено дека делови од кулата потекнуваат од доцноантичкиот период во периодот од IV до VI век.

Доколку имате некоја фотографија, разгледница или информација контактирајте ги:

д-р Трајче Нацев – 070 221 583,
д-р Душко Цветанов – 078 238 629,
м-р Симона Јованова – 070 214 064.

реклама

Македонија

Сојузот на борци од Тетово бара со закон да се забрани именувањето улици во чест на фашисти

Read more

Утре времето ќе биде сончево и многу топло

Read more

Гужва на Табановце: Странци чекаат ред за да платат казни снимени од Безбеден град

Read more

Лажни пораки наводно испратени од Безбеден град стигнуваат до граѓаните, МВР со апел како да ги препознаете

Read more

Вести

  • play_arrow

Како сцена од филм: Унгарци снимале како минуваат низ страшниот пожар кај Омиш

Читај повеќе

Сојузот на борци од Тетово бара со закон да се забрани именувањето улици во чест на фашисти

Читај повеќе

Утре времето ќе биде сончево и многу топло

Читај повеќе

Гужва на Табановце: Странци чекаат ред за да платат казни снимени од Безбеден град

Читај повеќе

Лажни пораки наводно испратени од Безбеден град стигнуваат до граѓаните, МВР со апел како да ги препознаете

Читај повеќе

Сестрата на Ким Џонг Ун му одговори на Зеленски: Неговите тврдења се неосновани

Читај повеќе

УЈП во Охрид: Сите што издаваат сместување и опрема за рекреација на вода имаат обврска да платат данок на личен доход

Читај повеќе

ЈСП пушти нова линија, ќе вози од Радишани до Карпош 3

Читај повеќе

Топењето на глечер откри морничава тајна стара 34 години: Пронајдени двајца исчезнати алпинисти

Читај повеќе