Судиите со остра критика до Мицкоски: Вашите коментари ја преминаа границата на добро однесување

Судиите упатија остра критика до премиерот Христијан Мицкоски во врска со неговите изјави дека моралот не му дозволува да се согласи со зголемување на платите во правосудниот сектор. Велат дека неговите коментари ја преминале границата на доброто однесување и преминале во неаргументирани и паушални напади.

„Господине Премиер, веќе подолго време Вашите коментари кои ги давате за судиите и судството ја преминаа границата на доброто однесување и преминаа во неаргументирани и паушални напади. Критиката е добронамерна само кога се даваат конкретни забелешки и конкретни предлози за решавање на проблемите. Неаргументирана критика е покажување на намера ништо да не се преземе за подобрување на состојбите, туку севкупната општествена апатија да се префрли како вина на судиите“, се наведува во јавното писмо упатено до Мицкоски од Судскиот совет, Врховниот суд и Здружението на судии.

Во него се наведува дека судскиот систем никогаш не генерирал долгови, па оттаму, велат судиите, нејасно е каква е поврзаноста на судството со државниот долг од две милијарди евра, кој недвосмислено е последица на постојаното задолжување на извршната власт, во минатото и сега.

„Сосема спротивно, токму судовите, преку наплата на паушали и парични казни, со години наназад ја полнат државната каса, а за возврат не добиваат никаков поврат од Буџетот, во смисла на нови вработувања, дигитализација на услугите, опремување на судниците и слично“, се наведува во соопштението.

Судиите, исто така, наведуваат дека последниот извештај на ЕК, јасно нагласува дека најголемиот проблем во судството е независноста на судиите, која, како што велат, е поткопана од постојано мешање на извршната и законодавната власт.

„Како круцијален проблем е истакната и финансиската зависност на судството од државниот буџет, а во оваа смисла платите на судиите се само еден сегмент од финансиската независност. Ова се проблеми кои државата мора да ги поправи, бидејќи истите се суштински за европската перспектива на земјата. Со Вашите досегашни коментари го нарушувате демократскиот принцип конципиран на рамноправност на трите власти, судската, законодавната и извршна. Судската власт е уставна категорија, а Уставот и независноста на судската власт треба да се почитуваат“, се наведува во соопштението од Судскиот совет, Врховниот суд и Здружението на судиите.

Мицкоски вчера изјави дека моралот не му дозволува да се согласи со зголемување на платите во правосудниот сектор, коментирајќи ги шесте предложени реформи во законите од областа на судството и обвинителството. Порача дека главната реформа во тие закони е токму зголемувањето на платите, што според него е неприфатливо поради состојбата со буџетот.

Мицкоски наведе дека следната година државата треба да врати над 2 милијарди евра долг, поради задолжувањата од минатото, и дека покрај тоа треба да обезбеди пари за плати, пензии и социјални трошоци.

„Ако некои мислат дека треба да им ги дуплираме платите на судиите и обвинителите – нека кажат. Еве, јас ќе ја донирам мојата плата. Ама да обвинуват и да судат според законите“, изјави премиерот, додавајќи дека нема да поддржи реформи чија суштина е само финансиско зголемување и додаде: „Знам дека ќе ме нападнат, но моралот не ми дозволува да се согласам со тоа.“

реклама

Македонија

Гаши формираше Совет на поранешни претседатели на Собранието

Read more

Левица: Коцкарниците на народот му ја земаат платата, брзите кредити иднината – 1,6 милијарди евра завршиле во коцкарската индустрија

Read more

Мицкоски: Фон дер Лајен ја оцени како инспиративна работата на Владата во реформите и патот за ЕУ

Read more

Од полноќ нови цени на горивата

Read more

Вести

Двајца загинаа откако брод потона во Црното Море, Зеленски тврди дека бил погоден од руски дронови

Читај повеќе

Учениците во ЕУ сè послаби во математика, читање и природни науки

Читај повеќе

Нема веќе вештачка интелигенција: Трамп го забрани терминот AI и формираше Сили за суперинтелигенција

Читај повеќе
  • filter

Поранешниот симбол на Триглав е пред исчезнување: Последниот глечер во Словенија речиси исчезна

Читај повеќе

Гаши формираше Совет на поранешни претседатели на Собранието

Читај повеќе

Нови пронајдоци на локалитетот Расница: Откриено богато војничко погребување од VI век

Читај повеќе

Оперативна акција Чистач: 5.628 уапсени и 1.158 претреси во борбата против насилниот криминал, трговијата со дрога и прекуграничниот криминал

Читај повеќе

Левица: Коцкарниците на народот му ја земаат платата, брзите кредити иднината – 1,6 милијарди евра завршиле во коцкарската индустрија

Читај повеќе

BALFIN Group – над 52 милиони евра платени даноци во првите 6 месеци од 2026 година

Читај повеќе