Тошковски со нови детали за трагедијата во Карпош: Сопругот имал криминално досие и бил апсен за дрога

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски соопшти нови детали за вчерашната трагедија во Карпош, во која загинаа мајка и дете.

Како што рече, вчера, на 2 март 2026 година околу 14 часот, случаен минувач пријавил дека мајка и девојче скокнале од зграда, по што полицијата веднаш излегла на терен. Министерот посочи дека на настанот претходела пријава. Во 12:05 часот имало пријава и бил извршен разговор со Ивана. Таа, според министерот, изјавила дека станува збор за недоразбирање и дека не бара полициска интервенција, наведувајќи дека брачните односи ги решава во бракоразводна постапка. За разговорот била составена службена белешка, која, како што рече Тошковски, починатата ја потпишала.

„Сите овие околности детално се документираат и ќе бидат предмет на понатамошна анализа“, изјави министерот, додавајќи дека МВР ќе ги утврди фактите, вклучително и дали изјавата дадена тој ден била под присила.

Тошковски соопшти дека лицето Стојанче Јовановски е лишено од слобода и дека ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.

Во однос на неговото минато, министерот изнесе детали дека во изминатите години СВР Скопје поднело 10 кривични пријави за дела поврзани со насилен криминал, имотни деликти и недозволена трговија со дрога. Според податоците што ги соопшти, кај него во еден од случаите биле пронајдени 20 паковки наркотична супстанција, по што бил уапсен и против него била поднесена кривична пријава, а по барање на јавен обвинител му биле изречени мерки на претпазливост.

Тошковски рече дека најголем број од предметите поврзани со семејно насилство се затвораат затоа што жртвата се повлекува.

„Треба максимум да сториме да ги охрабриме жртвите да пријават и случаите да бидат процесуирани до крај“, рече Тошковски.

Тој најави дека Министерството ќе се фокусира максимално на секој ваков кривично-правен настан, особено кога се констатираат видливи физички повреди, при што, како што посочи, треба да се разгледа можноста жртвата да не може да се повлече од пријавата доколку се утврдат такви повреди.

„Ако жртвата повторно се повлече, полицијата ќе има проблем за докажување. Но ако се ангажираат центрите и се охрабрат граѓаните да зборуваат гласно и јавно, нема да има вакви ситуации“, изјави Тошковски, додавајќи дека не тврди оти полицијата постапила совршено, и дека истрагата ќе се спроведе максимално во детали за да се утврди што точно се случило.

Додаде и дека отсега секој што ќе биде посочен дека е сторител на семејно насилство, ќе биде повикан на информативен разговор во полициска станица.

реклама

Македонија

Утре без струја делови од неколку скопски општини

Read more

СДСМ: Владата итно да ги прифати нашите законски решенија за цените на горивата

Read more

1.198 сообраќајни прекршоци изминатиот викенд, лишени од слобода 42 лица за безобѕирно возење

Read more

Нови цени на горивата од полноќ

Read more
 

Вести

Утре без струја делови од неколку скопски општини

Читај повеќе

По натпревар во Кисела Вода нападнати двајца фудбалски судии

Читај повеќе

Иран му порача на Зеленски: Киев ќе ги сноси последиците ако се вклучи во војната со Иран

Читај повеќе

СДСМ: Владата итно да ги прифати нашите законски решенија за цените на горивата

Читај повеќе

Трамп и Нетанјаху оставени сами: Сојузниците го отфрлаат конфликтот со Иран, велат „ова не е наша војна“

Читај повеќе

1.198 сообраќајни прекршоци изминатиот викенд, лишени од слобода 42 лица за безобѕирно возење

Читај повеќе

Што добива Западен Балкан од новата стратегија на ЕУ?

Читај повеќе

Нови цени на горивата од полноќ

Читај повеќе

Приведен возач без возачка дозвола и со 1,64 промили алкохол во крвта

Читај повеќе