Уапсена сопственичка на салон за убавина и две други лица, криумчареле медицински препарати штетни по здравјето на граѓаните

Секторот за контрола и истраги лиши од слобода три лица, меѓу кои и сопственичка на салон за убавина, осомничени за криумчарење на медицински препарати штетни по здравјето на граѓаните.

Извршен бил и претрес во салон за убавина, каде се пронајдени криумчарени непроверени дермални филери и други медицински производи што се користат за убавина, но и за редуцирање маснотии, кои сопственичката на салонот ги користела врз клиенти.

Криминалната шема е разоткриена на влез во државата на граничниот премин Табановце, каде е извршена детална контрола на комбе при што се пронајдени вкупно 535 вијали со средство за слабеење и 7.400 етикети со натпис TIRZ 2.5 мг и TIRZ 5 мг скриени во чаршави за постелнина.

Возилото, под постојан надзор на мобилен царински тим, го продолжило патот до местото каде што било договорено преземање на пратката од страна на сопственичката на салонот.

Во моментот на исплатата, инспектори од Одделението за истраги ја лишиле од слобода, а по налог на јавен обвинител е извршен претрес на салонот, каде се пронајдени и други криумчарени медицински препарати – дермални филери, препарати за разградување дермални филери, производи што се користат за редуцирање маснотии, контурирање на лице, отстранување на брчки и производи за подмладување. За пронајдените производи не била обезбедена документација за нивната безбедност, исправност и законит увоз, а според сомненијата, истите ги рекламирала и ги употребувала врз клиенти.

Против осомничените поднесена е кривична пријава до надлежното јавно обвинителство за сторено кривично дело криумчарење и производство и пуштање во промет на штетни средства за лекување.

„Царинската управа и натаму ќе продолжи со активности со цел заштита на здравјето на граѓаните, при што апелираме дека сите оние кои работат спротивно на закон ќе бидат најстрого санкционирани“, соопштија оттаму.

реклама

Најдосадниот град во светот го контролира целиот интернет

Read more

Со Гвардиола си заминува и Гвардиол: Пет играчи од Сити на излезна врата

Read more

Каде во Европа најмногу се крадат автомобили?

Read more

Венера во Рак им носи среќа во љубовта на четири хороскопски знаци од 19 мај

Read more

Македонија

Сиљановска-Давкова: Наместо Копенхашки реформи, трошиме енергија на политичка ревизија на историјата

Read more

Метеоролозите најавуваат нестабилно време со врнежи и ветер во текот на продолжениот празничен викенд

Read more

Филков за протестите за полагање на правосуден испит: Македонскиот јазик не е пречка, тој е обврска

Read more

Жерновски: Во Куманово собир за поддршка на Вучиќ, од власта молк

Read more
 

Вести

Сиљановска-Давкова: Наместо Копенхашки реформи, трошиме енергија на политичка ревизија на историјата

Читај повеќе

Метеоролозите најавуваат нестабилно време со врнежи и ветер во текот на продолжениот празничен викенд

Читај повеќе
  • play_arrow

Се судрија американски воени авиони во воздух, пилотите преживеаја

Читај повеќе
  • play_arrow

Збирка од 31.000 примероци на монети ковани од злато, сребро и бронза изложени во Археолошкиот музеј

Читај повеќе

Како Европската инвестициска банка ја менува економската мапа на Западен Балкан?

Читај повеќе

Воен авион на НАТО собори украински дрон во Естонија

Читај повеќе

Косовец летал со 203 километри на час кај Смоквица

Читај повеќе

Reuters: Кина тајно обучувала руски војници за на украинскиот фонт

Читај повеќе

Филков за протестите за полагање на правосуден испит: Македонскиот јазик не е пречка, тој е обврска

Читај повеќе