Утре (вторник) без вода ќе останат делови од Општина Центар.
Од ЈП „Водовод и канализација“ известуваат дека на ден 18.08.2026 година (вторник) без водоснабдување ќе останат:
- поради уличен дефект од ф-2 мм на ул. „Раде Јовчевски-Корчагин“ бр.18 . со прекинато водоснабдување ќе бидат корисниците од населбата Маџир Маало, а водоснабдувањето ќе биде прекинато од 8:30 часот до завршување на работните активности;
- поради водоводен приклучок од ф-100 мм на ул. „Орце Николов“ 106 со прекинато водоснабдување ќе бидат корисниците на потегот од „Ленинова“ до „Наум Наумовски-Борче“ во Дебар Маало. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 8:30 часот до завршување на работните активности.