Утре посебен режим на сообраќај во Скопје поради празникот Велигден

По повод празникот „Воскресение Христово-Велигден“ утре, Единицата за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе воведе посебен режим на сообраќај за одредени сообраќајници во централното градско подрачје на град Скопје, како и во општините Ѓорче Петров и Аеродром.

Утре во периодот од 18:00 часот па до завршувањето на манифестацијата по повод верскиот и државен празник „Воскресение Христово-Велигден“, во центарот на град Скопје по потреба за сообраќај ќе бидат затворени:

Булеварот „Партизански Одреди“ од крстосница со улицата „Франклин Рузвелт“ до крстосница со булеварот „ВМРО”.

Булеварот „Св.Климент Охридски“ од крстосница со булеварот „Илинден“ до крстосница со улицата „Димитрие Чуповски”.

Улицата „Митрополит Теодосиј Гологанов“ од крстосница со улицата „9-ти Мај” до кружна крстосница со улицата „Св. Кирил и Методиј“.

На возилата од јавниот градски сообраќај (автобусите) кои што минуваат преку мостот „Гоце Делчев” по потреба ќе им се менува трасата на движење при што истите ќе се движат по булеварот „Илинден” и преку улицата „Франклин Рузвелт” ќе се вклучуваат на булеварот „Партизански Одреди“, додека автобусите кои што минуваат преку центар ќе се движат по улицата „М.Т.Гологанов“ па преку улицата „Франклин Рузвелт“ ќе се вклучуваат на булеварот „Партизански Одреди“ и во спротивна насока автобусите ќе ги користат истите сообраќајници.

Во општина Ѓорче Петров по потреба за сообраќај ќе се затвори улицата „Македонска Војска“ пред црквата „Свети Петар и Павле“ на потегот од крстосница со булеварот „Партизански Одреди“ до улицата „Ѓорче Петров“.

Во општина Аеродром по потреба за сообраќај ќе биде затворен локалниот пат кон село Лисиче.

По потреба за сообраќај ќе бидат затворени и други сообраќајници кои гравитираат околу верските објекти.

МВР апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници.

реклама

Крај на една ера: Украина повеќе не зависи од милоста на Трамп

Read more

3 хороскопски знаци ги очекува голем финансиски успех во следните две недели

Read more

Бајката во Реал завршува: Кој може да си го дозволи Мбапе?

Read more

Африканскиот континент се цепи: Дали во новиот расед ќе се појави море?

Read more

Македонија

Левица: Регионалните патишта се распаѓаат под товарот на претоварени камиони

Read more

Грчките учебници исти како македонските: Бугарија во Втората светска војна била фашистички окупатор

Read more

Скоро 87% од нафтените деривати минатата година во Македонија биле увезени од Грција

Read more

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче со ист речник како Софија, главен спроведувач на бугарските интереси и послушник на Радев

Read more
 

Вести

Словачка ја затвори границата со Украина

Читај повеќе

ЕК: ЛГБТИ+ луѓето не се за лечење

Читај повеќе

Германски суд пресуди: Milka ги довела потрошувачите во заблуда

Читај повеќе

Пентагон ќе купи 10.000 нискобуџетни ракети

Читај повеќе

Распишан меѓународниот конкурс за необјавена песна на 9. издание на „Антево слово“ 2026

Читај повеќе

Путин добива нови овластувања во врска со руските војници

Читај повеќе
  • play_arrow

Крај на една ера: Украина повеќе не зависи од милоста на Трамп

Читај повеќе

Работник тешко повреден при пад од висина во Кочани

Читај повеќе

Жена тешко повредена по пад во шахта на Партизанска

Читај повеќе