Владата усвои измени: Се укинува ослободувањето од ДДВ за онлајн пратки во вредност до 22 евра

Со цел зајакнување на домашната економија, поддршка на локалните компании и создавање нови работни места, Владата усвои измени и дополнувања на Законот за данок на додадена вредност, со кои се укинува ослободувањето од ДДВ за онлајн пратки во вредност до 22 евра. Законските измени веќе се во собраниска процедура, а нивното спроведување се очекува да има директни позитивни ефекти врз економијата и работењето на домашните компании.

Со оваа мерка, околу 4 милиони денари месечно, колку што во одредени периоди изнесува прометот кон странските онлајн платформи, ќе се пренасочат кон домашното стопанство. Овие средства ќе придонесат за развој на локалните компании, отворање нови работни места и исплата на повисоки плати на вработените.

Ова претставува значаен чекор во заштита и поддршка на домашната економија, особено во услови на зголемена глобализација и дигитална трговија.

Дополнително, измените ќе помогнат во намалување на сивата економија, имајќи предвид дека досегашниот систем овозможуваше злоупотреби – односно увоз на стоки ослободени од данок кои понатаму се продаваат на домашниот пазар.

Со оваа измена, државата испраќа јасен сигнал на поддршка за домашните компании кои создаваат додадена вредност и вработуваат граѓани во земјата, велат од Министерството за финансии.

реклама

Што ви носи големиот неделен хороскоп од 7 до 13 септември?

Read more

Хеликоптер што гаснеше пожар го „истушира“ Ангелов додека даваше изјава 

Read more

Реал Мадрид десеткуван пред средбата со Интер

Read more

Путин со часови разговараше со најблиските луѓе на Трамп

Read more

Македонија

Хеликоптер што гаснеше пожар го „истушира“ Ангелов додека даваше изјава 

Read more

Генералниот секретаријат се огласи за возачот фатен со обележани 500 евра

Read more

Возачот на Јанушев барал 1.500 евра за вработување пожарникар, фатен со обележани 500 евра

Read more

Почна ослободувањето на трасата за скопскиот „мост што води во дневна соба“

Read more

Вести

  • play_arrow

Хеликоптер што гаснеше пожар го „истушира“ Ангелов додека даваше изјава 

Читај повеќе

Зошто европските земји го повлекуваат своето злато од Америка?

Читај повеќе

Генералниот секретаријат се огласи за возачот фатен со обележани 500 евра

Читај повеќе

Возачот на Јанушев барал 1.500 евра за вработување пожарникар, фатен со обележани 500 евра

Читај повеќе

6 септември 1923, роден е последниот крал на Кралството Југославија

Читај повеќе

Фон дер Лајен го зајакнува партнерството со Гренланд

Читај повеќе

Грчкиот премиер го откри планот за зголемување на платите пред изборите

Читај повеќе

Путин со часови разговараше со најблиските луѓе на Трамп

Читај повеќе

ОН изгласа нова мапа на светот: Европа и Америка се намалуваат, Африка расте

Читај повеќе