ВМРО-ДПМНЕ: Опозициските партии го блокираат Изборниот законик поради страв од изборен пораз

ВМРО-ДПМНЕ ги обвини опозициските партии СДСМ, Левица и ДУИ дека „со свои различни изговори“ го блокираат донесувањето на новиот Изборен законик.

Од партијата оценуваат дека причината за нивното однесување е иста – ниските рејтинзи и стравот од изборен пораз.

„Јавноста е сведок како секоја од нив излегува со различни тези и изговори, како намерно да сакаат да креираат конфузија и збунетост кај граѓаните. СДС не сака македонската дијаспора на полесен начин да го остварува своето уставно загарантирано право на глас, Левица прво доби повеќе пари, па после се откажа од намерата да го поддржи Изборниот законик. А, ДУИ, пак, отвора нови услови за начинот на носење одлуки во Државната изборна комисија. Сите имаат различни барања и изговори, човек крајот да не може да им го фати“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Додаваат дека различните ставови на опозициските партии не се случајни.

„Тие имаат иста цел, да не се донесе нов реформски Изборен законик и со тоа да се создаде алиби за нивниот сè поизвесен пораз на следниот изборен циклус. Зад ваквото однесување и политичко делување на опозицијата стојат партиски калкулации и обид да се прикрие стравот од соочување со граѓаните на следните избори. И тоа е сè поочигледно што не можат да го покријат со ниту едно соопштение, реакција или јавен настап. ВМРО-ДПМНЕ уште еднаш потенцира дека останува доследна на својот став дека ги прифаќа сите барања на опозицијата, само да се запазат препораките на ОБСЕ/ОДИХР и да се олесни и прошири гласањето на дијаспората“, стои во партиското соопштение.

реклама

Со која состојка најлесно се чистат жолти дамки и маснотии од PVC прозорци?

Read more

Која професија има најголем ризик од зрачење и канцер?

Read more

Колку овошје и зеленчук треба да јадеме дневно?

Read more

Русија ѝ се закани на Велика Британија

Read more

Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Не е точно дека е фрлена бомба во домот на полицаец

Read more

Утре без вода делови од Општина Центар

Read more

ЕСМ потпиша договор со косовски KEK за снабдување со јаглен во наредните три години

Read more

Поради западнонилската треска Клековски бара граѓаните да ги испразнат базените

Read more

Вести

ВМРО-ДПМНЕ: Не е точно дека е фрлена бомба во домот на полицаец

Читај повеќе

Како Ведрана Рудан зборуваше за смртта

Читај повеќе

Почина хрватската писателка и колумнистка Ведрана Рудан

Читај повеќе
  • play_arrow

Русија ѝ се закани на Велика Британија

Читај повеќе

Судот го блокира планот на Трамп да го премести седиштето на ФБИ

Читај повеќе

За една ноќ казнети 63 возачи за возење под дејство на алкохол, 8 уапсени

Читај повеќе

Трамп го тужи BBC за 10 милијарди долари

Читај повеќе

Венецуела бара враќање на 31 тон злато од Обединетото Кралство

Читај повеќе

Утре без вода делови од Општина Центар

Читај повеќе