Во Охрид се одбележува Денот на Охридското Езеро

Трите крајезерски општини, Охрид, Струга и Подградец, заедно со националните асоцијации на Здруженијата на ветераните од одбраната ии заштитата на Албанија и Македонија, со низа манифестации го одбележуваат Денот на Охридското Езеро.

Фото: Филип Здравески (Кајгана)

Трите езерски, соседни општини, во 2000 година потпишаа меморандум за разбирање и заштита на езерото и на 21 јуни со различни активности, наизменично, секоја година, да го одбележуваат овој ден.

Целта на одбележувањето е да се подигне јавната свест и да се покаже грижата за заштита на езерото од македонска и од албанска страна, но и да се покаже дека туризмот е базиран врз ендемизмот и еколошките услови што ги нуди охридскиот регион.

Одбележувањата започнаа уште вчера, со изложба на фотографии од Охридското Езеро, денеска продолжува со еколошка акција, презентација на нуркачка опрема и изложба на подводни фотографии, регата „Заедно за иднината на езерото“, поетско читање „Слушни го езерото“, со поети од Охрид, Подградец и Струга.

Денес, напладне, ќе се одржи музичкиот фестивал Balkan Music Square со настапи на Дамјан Пејчиноски, Николче Мицевски, група „Љубојна“ и Алба Дајлани од Албанија.

Одбележувањето ќе трае и утре, кога, ќе се одржи втората регата „Заедно за иднината на езерото“.

Како дел од заедничката програма Здруженијата на ветераните од одбраната ии заштитата на Албанија и Македонија, исто така, со низа манифесдтациои, го одбележуваат Денот на Охридското Езеро.

Албанската делегација ја предводи претседателот на националната асоцијација, генерал Тома Кондури, заедно со потпретседателот Енвер Ајдари, а во истата, покрај од Тирана, се и членови на локалните секции од Берат, Горица и Подградец.

Во името на македонска асоцијација, за Денот ќе говори претседателот на Сојузот, професор д-р Темелко Ристески.

Сојузот на Здруженијата на ветераните од одбраната и безбедноста на Република Македонија, активностите ги спроведува преку Секцијата со седиште во Охрид, во која делуваат и ветераните од општините: Дебрца, Струга, Вевчани, Дебар, Гостивар, Ресен и Битола.

„На овој начин, ја покажуваме грижата кон нашето слатководно море, нашиот балкански бисер, што го делиме со пријателите од соседна Албанија“, нагласува полковник Добре Вељаноски.

Во светот има само неколку езера чија старост би можела да се споредува со Охридското Езеро. Можеби, единствено Тангањика во Африка и Титикака во Јужна Америка, настанале во ист геолошки период.

Охридското Езеро, со право се споредува и со најдлабокото на светот, Бајкалското во Сибир, Русија, кое е стотина пати поголемо од Охридското Езеро, но водите на двете езера ги населува сличен ендемичен растителен и животински свет.

Поради неговите посебности, во 1980 година Охридското Езеро и градот Охрид се прогласени за Светско културно наследство.

реклама

Морнарите заглавени во Ормутскиот Теснец почнаа ментално да попуштаат

Read more

Научниците открија дека всушност постои нешто побрзо од светлината

Read more

Утре променливо облачно со сончеви периоди, во наредните денови со услови за слаб дожд

Read more

Поточарка: Поздрава од брокула и спанаќ, а ретко кој ја јаде

Read more

Македонија

Утре посебен режим на сообраќај во Скопје поради празникот Велигден

Read more

Дел од Чаир денеска без струја

Read more

Утре променливо облачно со сончеви периоди, во наредните денови со услови за слаб дожд

Read more

Ѓорѓиевски со хуманитарна акција за бездомните и социјално загрозени лица

Read more
 

Вести

Српската армија вежба со модернизирани тенкови М-84

Читај повеќе

Тепачка во Карпош, приведена 18-годишна девојка

Читај повеќе

Турција: НАТО е одбранбен сојуз и не мора да интервенира во Ормутскиот Теснец

Читај повеќе

„Шпиц“ во Ормутскиот Теснец: Бродовите набиени од двете страни, но само неколку поминуваат

Читај повеќе

Зеленски жали што Украина се откажала од нуклеарното оружје

Читај повеќе

Стефано Габана поднесе оставка од Dolce & Gabbana

Читај повеќе

Утре посебен режим на сообраќај во Скопје поради празникот Велигден

Читај повеќе
  • play_arrow

Меланија Трамп: Јас не сум жртва на Епстин. Епстин не ме запозна со Доналд 

Читај повеќе

Трамп го вади Џеј Ди Венс „од нафталин“: Го праќа на преговори во Пакистан

Читај повеќе