Во ударните термини на телевизиите најмногу се емитуваат серии

Во ударните термини на телевизиите најмногу се емитуваат серии и серијали (45%), по што следуваат информативните емисии со 24% и играните филмови со 22%, а најмалку застапени се документарните програми со 5% како и хумористичните и музичките програми со по 2%, покажаа резултатите од анализата „Родот во медиумите 2024: Родовите прашања и начинот на претставување на жените и мажите во ударното време на националните телевизии“ што ја спроведе Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги.

Во анализата се опфатени содржините емитувани на програмските сервиси МРТ 1, МРТ 2, Алсат-М, Алфа, Канал 5, Сител и Телма во периодот од 9 до 22 септември 2024 година. Во фокусот на ова истражување беа содржините што се емитуваа непосредно по завршувањето на централните вести на овие телевизии, бидејќи токму тие програми привлекуваат најголем број гледачи и соодветно на тоа имаат значително влијание врз формирањето на ставовите и перцепциите на јавноста.

„Резултатите од анализата покажаа дека во ударните термини на телевизиите најмногу се емитуваа серии и серијали (45%), по што следуваа информативните емисии со 24% и играните филмови со 22%, а најмалку застапени беа документарните програми со 5% како и хумористичните и музичките програми со по 2%. Онаму каде што доминираа серијалите од турска продукција, жените на екранот беа подолго прикажани од мажите (во 52% од времето на екранот и исто толку во времето поминато во говорот), а во сите останати содржини процентот на времето во кое мажите се прикажуваа на екранот беше многу поголем од процентот на жени“, покажа анализата.

Анализата покажа дека во повеќето анализирани содржини, објективизацијата и сексуализацијата на жените била минимална или отсутна, што е позитивен знак за почит кон родовата еднаквост.

Во некои емисии, особено во информативните програми, забележани биле обиди за користење родово сензитивен јазик, што претставува позитивен чекор кон инклузивноста.

Родово стереотипниот јазик се јавувал поретко, додека најчесто се користел неутрален јазик во речиси сите типови на програмски содржини.

Тагови
реклама

Македонија

Чад се шири од неколку места во подножјето на Скопска Црна Гора, Ангелов смирува: Нема опасност за куќите во Чучер

Read more

Поради пожар целосно прекинат сообраќајот кон граничниот премин Блаце

Read more

Граничниот премин Долно Блаце е целосно затворен за влез и излез

Read more

Земјотрес почувствуван во Валандово и Струмица

Read more
 

Вести

  • play_arrow

Чад се шири од неколку места во подножјето на Скопска Црна Гора, Ангелов смирува: Нема опасност за куќите во Чучер

Читај повеќе

Пуч во Хеброн или пропаганда: Палестински шеици предлагаат основање емират и признавање на Израел

Читај повеќе

Поради пожар целосно прекинат сообраќајот кон граничниот премин Блаце

Читај повеќе

Граничниот премин Долно Блаце е целосно затворен за влез и излез

Читај повеќе

Земјотрес почувствуван во Валандово и Струмица

Читај повеќе

Полска воведува контроли на границите со Германија и Литванија поради страв од миграција

Читај повеќе

Oд полноќ поскап дизел и поевтин бензин

Читај повеќе

Владата со бесплатни инвитро процедури и даночни олеснувања во борба против падот на наталитетот

Читај повеќе

Прва жртва од пожарите во Скопско

Читај повеќе