Врховен за укинувањето на пресудата за Јакимовски: Не било утврдено дали објектот бил траен или времен

Врховниот суд ја објави одлуката со образложението зошто ги укинал пресудите на Основниот кривичен суд Скопје и Апелациониот суд Скопје во предметот против поранешниот градоначалник на Карпош, Стевчо Јакимовски, и го вратил предметот на повторно постапување и одлучување пред првостепениот суд.

Според одлуката, Врховниот суд оценил дека пониските судови не утврдиле точно за каков тип објект станува збор во делот од предметот за кривичното дело Бесправно градење, односно дали се работи за траен објект за кој било потребнo одобрение за градење или за времен објект за кој било потребно одобрение за поставување.

Врховниот суд посочува дека врз основа на доказите треба јасно да се утврдат типот и правниот статус на објектот, особено неговите градежно-технички карактеристики, материјалите и намената.

„Судот, врз основа на доказите кои се изведени во текот на постапката, треба јасно да го утврди типот на објектот и неговиот правен статус, а особено имајќи ги предвид градежно-техничките карактеристики и материјали и намената. Ова од причина за да се утврди дали се работи за траен објект за кој е потребно дозвола за градење или евентуално се работи за времен објект за кој било потребно одобрение за поставување. Со оглед на тоа што пониските судови не го утврдиле типот на изградениот објект, неговата категоризација, односно дали објектот кој по своите карактеристики е монтажен објект наменет за Локалната самоуправа подлежи на обезбедување на одобрение за градба, сториле повреда на Кривичниот законик, бидејќи со сигурност не утврдиле постоење на сите битни елементи на кривичното дело кое му се става на товар на сега осудениот“, стои во објавата.

реклама

Македонија

Гаши формираше Совет на поранешни претседатели на Собранието

Read more

Левица: Коцкарниците на народот му ја земаат платата, брзите кредити иднината – 1,6 милијарди евра завршиле во коцкарската индустрија

Read more

Мицкоски: Фон дер Лајен ја оцени како инспиративна работата на Владата во реформите и патот за ЕУ

Read more

Од полноќ нови цени на горивата

Read more

Вести

  • filter

Поранешниот симбол на Триглав е пред исчезнување: Последниот глечер во Словенија речиси исчезна

Читај повеќе

Гаши формираше Совет на поранешни претседатели на Собранието

Читај повеќе

Нови пронајдоци на локалитетот Расница: Откриено богато војничко погребување од VI век

Читај повеќе

Оперативна акција Чистач: 5.628 уапсени и 1.158 претреси во борбата против насилниот криминал, трговијата со дрога и прекуграничниот криминал

Читај повеќе

Левица: Коцкарниците на народот му ја земаат платата, брзите кредити иднината – 1,6 милијарди евра завршиле во коцкарската индустрија

Читај повеќе

BALFIN Group – над 52 милиони евра платени даноци во првите 6 месеци од 2026 година

Читај повеќе

ЕУ даде зелено светло за центри за депортација во трети земји: Како тоа ќе изгледа во пракса?

Читај повеќе

Мицкоски: Фон дер Лајен ја оцени како инспиративна работата на Владата во реформите и патот за ЕУ

Читај повеќе

Од полноќ нови цени на горивата

Читај повеќе