За двајца поранешни министри запрена постапката за трагедијата во Кочани

За 11 лица е запрена постапката и нема да се гонат за трагедијата во Кочани, бидејќи немало доволно докази, меѓу нив се ексдиректорите на Државниот пазарен инспекторат, двајца ексминистри за економија, истакна државниот обвинител Љупчо Коцевски.

Како што појасни за едно лице постапката е прекината, за друго лице се прекинува затоа што се работи за веќе починат човек, а за останатите девет може да продолжи доколку се најдат дополнителни докази.

Обвинетите делото го сториле со свесно непостапување според прописите и техничките правила за заштита, а дел од нив и со директно општоопасно средство и дејствие со кое бил предизвикан пожарот, рече Коцевски.

„Тројца обвинети во својство на одговорни лица, сопственици и управители на правното лице Друштво за производство, трговија и услуги КЛАСИК ДМ ДОО Кочани со подружницата Кабаре ПУЛС Кочани, односно Друштво за производство, трговија, услуги и угостителство ММММ КАФЕ ДООЕЛ Кочани со подружницата на правното лице КЛУБ ПУЛС Кочани, од 13.12.2012 година до 16.03.2025 година во наведениот објект вршеле угостителска дејност, иако:

– објектот не ги исполнувал минимално техничките услови за вршење угостителска дејност согласно чл.6 од Законот за угостителска дејност.

Обвинет е и братот на првообвинетиот, како одговорно лице за продажба на влезници и контролирање на бројот на посетители и нивната возраст, бидејќи континуирано во договор со својот брат, не постапувал според прописите и техничките правила

Обвинета е сопственичка и правно лице од Кочани, преку кои во 2012 година на барање на првообвинетиот, спротивно на член 47 од Законот за градење бил изготвен проект за пренамена на објектот во кој не биле содржани сите фази односно делови и елаборати кои задолжително мора да ги содржи основниот проект. Во 2023 година, повторно незаконски, таа му изготвила основен проект, користејќи го како образец претходниот документ при што ја сменила насловната страна како да е документот изготвен во 2023 година, за да може обвинетиот и инвеститорот ММММ Кафе ДООЕЛ Кочани понатаму незаконито да го користи документот како основа за вршење на угостителска дејност и добивање лиценца.

Тројца обвинети во својство на службени лица – овластени градежни инспектори во Општина Кочани, иако биле самостојни во вршењето инспекциски надзор, со непостапување според прописите и техничките правила за заштита, спротивно на своите права и должности предвидени во Законот за градење и Законот за инспекциски надзор, во целиот период кога биле овластени градежни инспектори воопшто не покренале и не воделе постапка за инспекциски надзор по службена должност за утврдување на фактичката состојба и изведување докази, не наредиле отстранување на неправилностите, и не донеле решение за да го задолжат сопственикот за враќање на објектот во првобитна состојба. Свесни биле дека поради нивното несторување може да настапи штетна последица, но се согласиле со нејзиното настапување и овозможиле ПУЛС незаконито да продолжи со вршење на угостителска дејност – кабаре.

Обвинети се три лица кои во периодот од 2012 до 16.03.2025 година ја извршувале функцијата градоначалник на Кочани.

Во услови кога сопственикот на објектот никогаш не поднел барање за реконструкција со пренамена, градоначалниците не наредиле надзор на овластените градежни инспектори во рамките на инспекциската служба во состав на Општина Кочани спротивно на Законот за инспекциски надзор, не донеле Годишна програма и не подготвиле месечни планови за работа на овластените градежни инспектори за вршење инспекциски надзор на наведениот објект засновани на проценката на ризик со оглед да објектот е место каде што се собираат поголем број посетители и постоела опасност по нивните  животи и здравје. За постоењето и работењето на објектот Клуб Пулс никогаш не ги известиле Дирекцијата заштита и спасување, Министерството за внатрешни работи, Државниот пазарен инспекторат и Министерството за економија дека објектот работи без да ги исполнува законските услови за таа намена. Воедно, спротивно и на неколку члена од Законот за заштита и спасување, иако постоел континуиран ризик не презеле мерки за превенција, за ублажување и спречување на настанување на можните опасности од други несреќи и не предложиле план за заштита и спасување кои задолжително се применуваат во објектите за вршење на туристичко угостителска дејност. Без овој објект да биде впишан во регистарот на општината согласно чл.4, чл. 4-а и чл. 4-б од Законот за угостителска дејност, овозможиле на првообвинетиот да плаќа надоместок за вршење на угостителска дејност-кабаре во износ од 4.000 евра, од кои половина биле уплаќани на сметка на општината.

Обвинение е поднесено против управителот на обвинетото правно лице – агенција за обезбедување од Скопје и уште четири лица припадници на обезбедувањето, од кои еден воопшто не поседувал лиценца за да врши физичко обезбедување.

Четворица директори на Дирекцијата за заштита и спасување во периодот од 2012 до 16.03.2025 година, како и едно службено лице генерален инспектор кој за целиот тој временски период бил раководител на инспекциската служба во ДЗС, заеднички со особен придонес  во извршување на делото, иако биле свесни дека поради нивното несторување може да настапи штетна последица, се согласиле со нејзиното настапување и не преземале мерки и активности за заштита на животите и имотот на луѓето од пожари, предвидени во чл.68 од Закон за заштита и спасување.

Обвинетите пет државни службеници, еден државен секретар и двајца министри воопшто не постапиле според прописите или техничките правила за мерките за заштита во текот на целиот временски период објектот спаѓал во категорија на диско клуб, без притоа да ги исполнува пропишаните минимално-технички услови од Законот за угостителска дејност. Во состојба на нецелосна документација за издавање на лиценца воопшто не постапиле согласно чл.24 ст.1 од Правилникот за внатрешна организација и работа на Министерството за економија и не иницирале вршење на вонреден инспекциски надзор до Државниот пазарен инспекторат за проверка на минимално техничките услови. Во обвинението детално се наведени пропустите кај секоја од лиценците поединечно. Во оваа група, за пет лица, меѓу кои двајца поранешни министри, постапката е запрена, бидејќи обемот на прибраниот доказен материјал до овој момент не е доволен за да се покрене обвинение против нив.

Како поединечни случаи, во истрагата се обезбедија докази за еден државен службеник кој постојано ги изготвувал лиценците за “Пулс” и кој директно побарал и примил подарок за себе и за други за да изврши службено дејствие што не би смеел да го изврши. Во 2019 од првообвинетиот побарал и добил 12.000 денари парична награда кои му биле исплатени на неговата банкарска сметка. Во 2024 година, пак, за поголема имотна корист од 226.000 денари на првообвинетиот му изработил две фалсификувани лиценци, кои ги заверил со службениот печат на Министерството за економија, а на кои своерачно се потпишал како да се потпишала обвинетата државна секретарка“, појасни Коцевски.

реклама

Брнабиќ: 500.000 луѓе во земја со 3,5 милиони жители извикуваа „За дом, спремни“

Read more

УХМР издаде предупредување за невреме на ниво на цела држава

Read more

Од 21 јули Грција им наплаќа нова такса на туристите

Read more

Украина ноќеска со дронови ги нападна Москва и Санкт Петербург

Read more

Македонија

Продолжен рокот за ангажирање на 400 пожарникари: Има силен инетерес

Read more

УХМР издаде предупредување за невреме на ниво на цела држава

Read more

Левица поднесе Предлог-закон за заштита на името ВМРО

Read more

Штекли доставил психијатриско мислење дека не е способен да го следи судењето, рочиштето одложено за во август

Read more
 

Вести

Британија ќе ја намали возрасната граница за гласање на 16 години

Читај повеќе

Продолжен рокот за ангажирање на 400 пожарникари: Има силен инетерес

Читај повеќе

УХМР издаде предупредување за невреме на ниво на цела држава

Читај повеќе

Топлотните бранови и економијата: Како екстремната топлина влијае врз производството и цените на храната?

Читај повеќе

Левица поднесе Предлог-закон за заштита на името ВМРО

Читај повеќе

Медведев: Можеби ќе бидат потребни превентивни напади врз Западот

Читај повеќе

Ново истражување: Американскиот напад уништи само една од трите ирански нуклеарни постројки

Читај повеќе

Командант на НАТО: На Киев ќе му бидат испорачани системи Patriot „што е можно побрзо“

Читај повеќе

Штекли доставил психијатриско мислење дека не е способен да го следи судењето, рочиштето одложено за во август

Читај повеќе