ЗНАМ: Венко Филипче е политички мегафон на Софија во Скопје

Повеќе од јасно е дека раководството на СДСМ води политика што создава сомнеж во јавноста дали воопшто партијата ги застапува македонските национални интереси или работи во полза на туѓи агенди и наративи, велат од ЗНАМ.

Оттаму додаваат дека СДСМ со години наназад води политика на национални отстапки, релативизирање на македонскиот идентитет и поткопување на државните позиции.

„Сѐ започна од интервјуто на Зоран Заев за БГНЕС, каде јасно и гласно го изедначи македонскиот јазик и култура како исти и заеднички со бугарскиот јазик и заедничка историја. Потоа следуваше изјава од тогашниот претседател Стево Пендаровски со кои дополнително се отворија контроверзии околу ликот и делото на Гоце Делчев, нарекувајќи го Бугарин. Следствено на ова, се потпиша и т.н. француски предлог, прифатен од владата на СДСМ предводена од Димитар Ковачевски, што претставува најголема дипломатска капитулација и отстапки на штета на македонските позиции. Дополнително, членот на Централниот одбор на СДСМ, Рубин Земон, со својот последен јавен настап ја минимизираше улогата и значењето на Гоце Делчев, како историска личност кој е темел на македонската државност“, вели портпаролот на ЗНАМ, Никола Мемов.

Тој вели дека Венко Филипче, во континуитет инсистира на уставни измени и внесување на Бугарите во Уставот, притоа релативизирајќи ги постојаните негирања и провокации што доаѓаат од официјална Софија кон македонскиот идентитет, јазик и историја.

„Со ваквите ставови и политики, Венко Филипче е политички мегафон на Софија во Скопје, промовирајќи наративи што директно им штетат на македонските национални позиции и достоинството на македонскиот народ. Се поставува прашањето која е позадината на ваквите бугарофилски политики на СДСМ, кога упорно промовираат наратив што директно се коси со чувствата и ставовите на македонскиот народ? Во чие име се води оваа политика на релативизирање на македонскиот идентитет? Во чии интереси се шири тезата дека Бугарија не го оспорува македонскиот национален идентитет, кога секојдневно сме сведоци на спротивното? Зошто СДСМ постојано се обидува да ја прикрие сопствената политичка одговорност зад флоскулата за европскиот пат, додека истовремено ги блокира и бојкотира реформските процеси во Собранието?“, праша Мемов.

Тој вели дека ЗНАМ се сомнева дека вистинските мотиви за ваквиот наратив не лежат во европската иднина на државата, туку во заштита на лични бизнис интереси, капитал и економски релации поврзани со Бугарија.

„Затоа, јавноста заслужува одговор на следниве прашања:

  • Дали е точен фактот дека Венко Филипче ја поседува фирмата во POWER i8 Ltd., ЕИК 207164506, регистрирана во Петрич, со дејност поврзана со недвижности?
  • Дали семејството Заеви е поврзано со фирмата GOMASIDRA Ltd., ЕИК 204619751, исто така регистрирана во Петрич?
  • Дали на истата адреса во Петрич, ул. 'Гоце Делчев' бр. 12, се регистрирани и други компании поврзани со лица блиски до Заеви?
  • Дали постоењето и работењето на овие фирми се основната причина за ваквите бугарофилски политики на СДСМ?“, праша Мемов.

Тој ги повикува и членовите и симпатизерите на СДСМ да не поддржуваат вакви, како што рече, штетни политики и да не бидат нивни заложници.

„Движењето ЗНАМ за Наша Македонија, базирајќи се на основните темели на постоење на македонската држава, Илинден и АСНОМ, ги остава вратите отворени за сите искрени и чесни членови и симпатизери на СДСМ“, рече Мемов.

реклама

Хирон влегува во Бик по 50 години: Голема среќа за 3 хороскопски знаци

Read more

Крај на доплатата за рачен багаж во Европа: Бесплатен куфер со секоја карта од 2027 година

Read more

Како изгледа најмалата земја што игра на Светско: Курасао е карипски рај со европски потпис

Read more

„Протече“ тајниот договор: Иран доби милијарди од Катар, САД тивко го одобрија планот

Read more

Македонија

ЦУК: До 18 часот регистрирани се 14 пожари на отворено

Read more

Невреме во Скопје и Куманово, утре попладне повторно пороен дожд и грмежи

Read more

Владата го изгласа пуштањето во употреба на One Stop Shop со Албанија

Read more

Граѓаните ќе се изјаснуваат кај матичен лекар дали сакаат да бидат дарители на органи по нивната смрт

Read more

Вести

Скопјанецот кој запали дипломатски возила бензинот го купил од бензинска во близина на бугарската амбасада

Читај повеќе

Лавров: Би било добро ако Украина се приклучи на ЕУ, тогаш би се распаднала

Читај повеќе

Објавен договорот меѓу САД и Иран, има 14 точки

Читај повеќе

ЦУК: До 18 часот регистрирани се 14 пожари на отворено

Читај повеќе

Невреме во Скопје и Куманово, утре попладне повторно пороен дожд и грмежи

Читај повеќе

Руски дрон се урна врз цивили во Никопол, три лица загинаа

Читај повеќе

Владата го изгласа пуштањето во употреба на One Stop Shop со Албанија

Читај повеќе

Граѓаните ќе се изјаснуваат кај матичен лекар дали сакаат да бидат дарители на органи по нивната смрт

Читај повеќе

Пронајдено бебе оставено во парк во Шуто Оризари, полицијата го расчистува случајот

Читај повеќе