ЗНМ: Јавните институции мора да обезбедат еднаков пристап за сите медиуми

Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) реагира со осуда поради селективниот пристап на државната компанија МЕПСО при организирањето брифинг за медиуми, на кој не бил поканет медиумот PortaliX, иако токму оваа редакција претходно објави серија истражувачки стории поврзани со темите за кои се дискутирало на настанот.

„Сметаме дека ваквата практика претставува сериозно нарушување на принципите на транспарентност, еднаков третман на медиумите и правото на јавноста да биде неселективно информирана.

Недозволиво е јавни институции и државни компании да прават селекција на 'подобни' и 'неподобни' медиуми, особено кога станува збор за редакции што критички известуваат за прашања од јавен интерес.

Брифинзите и комуникацијата со медиумите не смеат да се користат како механизам за фаворизирање или исклучување на одредени редакции.

Институциите имаат обврска да обезбедат еднаков и недискриминаторски пристап за сите медиуми, без оглед на нивната уредувачка политика или критичкиот однос кон носителите на јавни функции.

Бараме одговорност и јавно објаснување од страна на МЕПСО за причините поради кои PortaliX не бил поканет на брифингот, како и јасна гаранција дека ваквата пракса нема да се повторува во иднина.

Апелираме дека во демократско општество, транспарентноста не смее да биде селективна, а критичкото новинарство не смее да биде причина за исклучување од јавни настани и комуникација со институциите“, велат од ЗНМ.

Тагови
реклама

Нуркачи конечно го најдоа римскиот мост стар 1.700 години во Швајцарија  

Read more

Почнува со емитување каналот Арена спорт Македонија

Read more

Неделен хороскоп од 8 до 14 јуни за секој знак

Read more

Куба ја погоди најсилен земјотрес во последните 70 години, тресеше и на Флорида

Read more

Македонија

В среда без струја и вода ќе бидат делови од Скопје

Read more

Јакимовски: Осуден сум политички, власта сака да ме спречи да се кандидирам за градоначалник на Карпош

Read more

Една година затвор за Стевчо Јакимовски, Апелација ја потврди казната

Read more

Мицкоски: Со Клинички центар во близина на обиколницата може да привлекуваме пациенти и од соседните држави

Read more

Вести

В среда без струја и вода ќе бидат делови од Скопје

Читај повеќе

Airbus го претстави автономниот хеликоптер U145 дизајниран за воени мисии

Читај повеќе

Јакимовски: Осуден сум политички, власта сака да ме спречи да се кандидирам за градоначалник на Карпош

Читај повеќе
  • filter

Целосно изгоре возило на булевар „Јане Сандански“ во Аеродром

Читај повеќе

Пет пријави за семејно насилство во последното деноноќие

Читај повеќе

Каде се рангира Македонија на Глобалниот индекс на мир?

Читај повеќе

Тело во фаза на распаѓање најдено покрај Лепенец кај Орман

Читај повеќе

Една година затвор за Стевчо Јакимовски, Апелација ја потврди казната

Читај повеќе

60. МТФ „Војдан Чернодрински“: Театарот мора да ризикува, да оди по тесна греда

Читај повеќе