Зошто ЈНА ја напуштила Македонија без војна?
Словенија ја имала Десетдневната војна. Хрватска веќе била во отворен судир. Босна и Херцеговина била на работ на војна. Сепак, Југословенската народна армија се повлекла од Македонија без никаква борба. Зошто?
Дали причината била политиката на Киро Глигоров, проценката на военото раководство на ЈНА, ставот на Белград или фактот што никој не сакал да отвори уште еден фронт? Или можеби комбинација на повеќе фактори?