Гоѕи: Западен Балкан не може да биде заложник на Србија која оди во погрешна насока

Генералниот секретар на Европската демократска партија (ЕДП) и пратеник во Европскиот парламент (ЕП), Сандро Гоѕи, изјави дека српскиот претседател Александар Вучиќ не може да го држи Западниот Балкан како заложник.

„Предлогот на претседателот Вучиќ, даден во неговото интервју за британскиот весник Financial Times во вторникот, за воведување на Западниот Балкан во Европската Унија како единствен блок е неприфатлив“, смета Гоѕи.

ЕУ, додава тој, отсекогаш била недвосмислена, проширувањето се базира на индивидуалните заслуги на секоја земја-кандидат. Овој принцип ги наградува оние што спроведуваат тешки реформи и никогаш не смее да се компромитира за да им се допадне на лидерите кои одбиваат да го сторат тоа, смета Гоѕи.

„Сакаме Западен Балкан што поскоро да се приклучи на ЕУ. Но, Црна Гора, Албанија и секој друг кандидат што навистина напредува преку реформи не смее да биде запрен, затоа што Србија на Вучиќ се движи во спротивна насока – ги еродира демократските институции, ги заплашува политичките противници и независните медиуми, толерира политичко насилство и одбива да се усогласи со заедничката надворешна и безбедносна политика на ЕУ“, рече Гоѕи, според соопштението од неговата партија.

Претседателот Вучиќ не може да го користи регионот како штит за сопствените неуспеси или да ја држи европската иднина на своите соседи како заложник, вели тој, пренесуваат медиумите во регионот.

„На земјите што спроведуваат реформи мора да им се дозволи да напредуваат. Оние што им вртат грб на европските вредности не можат да очекуваат другите да го носат товарот на последиците“, додаде тој.

Претседателот Вучиќ и неговиот режим се оние што не го положуваат европскиот тест – не Србија, а сигурно не и српскиот народ, додаде Гоѕи.

„Ако сите влеземе заедно, нема да има граници меѓу Приштина, Белград и сите други… Регионот треба да биде обединет. Не да стане нова зона на конфликт меѓу луѓето што влегуваат во ЕУ и оние што се сè уште далеку од неа“, рече претседателот на Србија за британскиот весник.

реклама

Која професија има најголем ризик од зрачење и канцер?

Read more

Со која состојка најлесно се чистат жолти дамки и маснотии од PVC прозорци?

Read more

Колку овошје и зеленчук треба да јадеме дневно?

Read more

Пеп им се отворил на играчите на Сити: Се разведувам од најубавата жена на планетата

Read more

Регион

Бегале од огнот в море: Спасени 200 лица во страшниот пожар во Хрватска, меѓу нив и деца

Read more

Голем пожар во Хрватска: 36 повредени, 14 хоспитализирани, 7 се борат за живот

Read more

Остатоци од птици пронајдени во моторот во авионот по несреќата со српскиот патник кој излета од прозор

Read more

Рама: Албанија е доволно зрела, нема да ја казни Украина

Read more

Вести

Четврти смртен случај од западнонилска треска, пациентот 27 дена се лекувал на Инфективна

Читај повеќе

Дали Трамп работи на дипломатски канал за преговори со Ким Џонг Ун?

Читај повеќе

Иран: Ормутскиот Теснец останува затворен

Читај повеќе

ВМРО-ДПМНЕ: Не е точно дека е фрлена бомба во домот на полицаец

Читај повеќе

Како Ведрана Рудан зборуваше за смртта

Читај повеќе

Почина хрватската писателка и колумнистка Ведрана Рудан

Читај повеќе
  • play_arrow

Русија ѝ се закани на Велика Британија

Читај повеќе

Судот го блокира планот на Трамп да го премести седиштето на ФБИ

Читај повеќе

За една ноќ казнети 63 возачи за возење под дејство на алкохол, 8 уапсени

Читај повеќе