Граѓаните се судрија со полицијата во Нови Сад, фрлен солзавец

Пред судницата и канцеларијата на државниот обвинител на улицата „Сутјеска“ во Нови Сад, голем број граѓани и студенти се собраа утрово за да побараат итно ослободување од притвор на шест активисти од опозициските организации STAV (Studenti protiv autoritarne vlasti) и PSG (Pokret slobodnih građana), објавува N1.

Активистите се во притвор во затворот Клиса веќе 60 дена, а судот вчера им го продолжи притворот за дополнителни 30 дена.

Толпата го исполни и просторот пред задниот влез во зградата, каде што околу педесет вработени се обидоа да влезат на своите работни места. Во тој момент, избувна тепачка меѓу собраните граѓани и припадниците на интервентната полиција кои се обидоа да им дозволат на вработените да поминат.

 

 

Кога не успеаја да го сторат тоа, жандармеријата беше повикана да помогне, а припадници на полицијата пристигнаа во поголем број. Ситуацијата ескалираше кога, според сведоштвото на студент за N1, кон граѓаните во првите редови бил фрлен солзавец.

„Пуштете ги сите“

„Не напаѓајте невооружени луѓе, што правите, не врз мирни граѓани!“ извика еден граѓанин преку мегафон кон полицијата, додека толпата извикуваше слогани како „Србија!“ и „Пуштете ги сите!“

Една жена, исто така, ја предупреди толпата преку мегафон дека полициското засилување се приближува одзади, што предизвика туркање меѓу толпата.

Шестмината уапсени активисти се обвинети за обид за соборување на уставниот поредок, а сите се уапсени врз основа на аудиоснимка од прислушуван разговор што беше емитувана на провладините телевизиски станици на 14 март. Адвокатите на обвинетите постојано нагласуваат дека Агенцијата за безбедност и информации (БИА) ја добила снимката нелегално и дека таа не може да биде правно валиден доказ.

Шест други активисти на STAV се обвинети за истото кривично дело, но тие не биле во Србија во времето на апсењата и уште се во странство.

Тагови
реклама

Истрагата за падот на кобниот Boeing се врти околу едно клучно прашање

Read more

Израел го нападна Иран: Најголемата воена конфронтација меѓу двете држави досега

Read more

Трик како вашиот дом секогаш да мириса убаво

Read more

Модриќ одби да помине медицински прегледи за Милан

Read more

Регион

Опозицијата загуби од Вучиќ за 51 глас, студентите излегоа на улица

Read more

Вештак открива детали за момчето-убиец од Белград: Сакал да биде психопат

Read more

Вучиќ се обрати од терасата на Претседателството

Read more

Bloomberg: Трамп сака да депортира мигранти во Србија

Read more
 

Вести

СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ се препираат: Чија заслуга е реконструираниот регионален пат од Охрид до Св. Наум?

Читај повеќе

За двајца поранешни министри запрена постапката за трагедијата во Кочани

Читај повеќе
  • play_arrow

Објавени снимки од експлозиите во нуклеарниот комплекс на Иран

Читај повеќе

Владата блокира уште 173 интернет-страници за онлајн-коцкање, информира Меџити

Читај повеќе

Нови детали од истрагата за пожарот во „Пулс“

Читај повеќе

МНР апелира македонските граѓани да се воздржат од патувања кон Израел и Иран

Читај повеќе

Успешно изведени две трансплантации на коска од починат донор на Клиниката за ортопедски болести

Читај повеќе

Како изгледа сега воздушниот простор над Иран, Израел, Јордан и Ирак?

Читај повеќе

Истрагата за падот на кобниот Boeing се врти околу едно клучно прашање

Читај повеќе