Како сцена од филм: Унгарци снимале како минуваат низ страшниот пожар кај Омиш
Брачниот пар од Унгарија бил на одмор во Хрватска заедно со нивното тригодишно дете кога се нашле среде пекол - во страшниот пожар што беснееше кај Омиш. Со својот автомобил бегале, а движејќи се низ пламените јазици ги снимиле страшните сцени низ кои морале да поминат за да се спасат.
Во пожарот кај Омиш е потврдена една жртва и тоа 34-годишна девојка од Босна и Херцеговина.