Луѓето бегаат во паника во Истанбул, властите со предупредувања: Постои страв од посилен земјотрес

По серијата земјотреси што го погодија Истанбул утрово, турските власти апелираат до граѓаните да не влегуваат во потенцијално оштетени згради и да користат мобилни телефони само во итни случаи.

Според министерот за внатрешни работи, Алије Јерликаја, тимовите за управување со катастрофи и вонредни состојби веќе почнале со процена на штетите на терен.

Првите фотографии што пристигнуваат од Истанбул покажуваат вознемирени граѓани како во паника ги напуштаат зградите и се обидуваат да воспостават контакт со своите најблиски. Силниот земјотрес предизвика страв и евакуации во целиот град.

Жителите на Истанбул се во шок по земјотресот. Селин Титер била на работа во деловна зграда на европската страна од градот кога почнал земјотресот, пренесуваат медиумите.

На почетокот, според изјавата, почувствувала како земјата се поместува под неа исфрлајќи ја од рамнотежа. Потоа слушнала длабок татнеж, „како нешто да удираше одоздола“.

„Кога тоа се случи, многумина испаничија. Многумина почнаа да бегаат“, рече таа.

Додаде дека многу луѓе во Истанбул се претпазливи кога станува збор за земјотреси, особено по оние катастрофалните од 2023 година во Турција и во Сирија кога загинаа 55.000 луѓе.

„Повеќето луѓе што живеат во Истанбул знаат дека се очекува голем земјотрес. Луѓето сега се прашуваат – дали ова беше претпотрес?“

Турската агенција за вонредни ситуации објави дека уште три земјотреси се регистрирани во населбата Бујукчемеџе во западниот дел на Истанбул. Поради огромниот број пристапи до веб-страницата на агенцијата, системот привремено беше исклучен, а дополнителни информации се очекуваат во наредните часови.

Последователно, официјалната процена на јачината на земјотресот беше намалена на 4,9 степени според Рихтеровата скала, а епицентарот се наоѓа во Мраморното Море во близина на Истанбул. Претходно беше објавено дека земјотресот бил со јачина од 6,2 степени.

Министерот за транспорт и инфраструктура, Абдулкадир Уралолу, изјави дека нема пријавени штети на патиштата, железниците, аеродромите и на линиите на метрото во Истанбул.

Истанбул, град со повеќе од 16 милиони жители, се наоѓа на Северноанадолскиот расед, познат по својата висока сеизмичка активност. Експертите со децении предупредуваат на уште еден голем земјотрес, само прашање на време е кога ќе се случи, и дека илјадници лошо изградени згради за време на градежниот бум се главната причина за потенцијални трагедии.

Медиумите потсетуваат дека Истанбул неколкупати во текот на историјата бил погоден од разорни земјотреси. Најстрашниот се случил во 1509 година и е познат како мала апокалипса.

Се апелира до граѓаните да бидат максимално внимателни и да ги почитуваат упатствата на надлежните служби.

реклама

Русија почнува бесплатна вакцинација на населението против рак

Read more

Арсовска му одговори на Мицкоски: Град Скопје нема надлежност да постапува по дивоградби

Read more

Најчестата фраза што ја користат жените кога не се заинтересирани за некого

Read more

Зошто никогаш не треба да ги оставате тестенините во цедалката?

Read more

Регион

Падна таван во гимназија во Србија

Read more

Македонски државјанин лажно се претставувал како лекар во Хрватска

Read more

Земјотрес од 6,1 степени ја погоди Грција

Read more

Судот донесе нова пресуда против родителите на Коста K.

Read more
 

Вести

Трамп: Ќе воведам царина од 25% на Apple ако не почне да произведува iPhone во Америка

Читај повеќе

Мицкоски повика на фер третман: Уморни сме од постојаните блокади поради билатерални прашања

Читај повеќе

Големата размена на затвореници меѓу Русија и Украина успешно завршена, Трамп им честита

Читај повеќе

Провалиле кај кавадарчанец и му ја украле ракијата: Кривична за две лица

Читај повеќе

Полна сала на отворањето на 15-тиот Филозофски филмски фестивал

Читај повеќе

Нетанјаху ги обвини светските лидери: Застанавте на страната на Хамас

Читај повеќе

Даниловски за мајмунските сипаници: Болеста не се пренесува лесно, претпазливост, но не и паника

Читај повеќе

Цената на храната во Европа и на Балканот неоправдано расте, според анализите во ЕУ

Читај повеќе

Залужни: Украина не може да ги врати границите од 2022 година

Читај повеќе