Референдум за излез од НАТО предлага претседателот на словенечкиот парламент  

Претседателот на словенечкиот парламент, Зоран Стевановиќ, предложи одржување референдум за членството на Словенија во НАТО, наведувајќи дека тој би можело да се организира истовремено со локалните избори закажани за 15 ноември.

Во видеопорака објавена на официјалниот профил на партијата Ресница на социјалната мрежа X, Стевановиќ рече дека, поради високите трошоци, на тој ден би можел да се одржи „мега референдум“ покрај најавените референдуми за разгледување на членството на земјата во Алијансата.

Во исто време, тој изрази противење на испраќањето финансиска помош за Украина, откако премиерот Јанез Јанша на самитот на НАТО во Анкара соопшти дека Словенија ќе издвои 50 милиони долари, или околу 44 милиони евра, за воена помош за Киев оваа година како дел од иницијативата PURL, објавија регионалните медиуми.

„Овие 44 милиони се многу попотребни за Словенија во овој момент. Ако се стремиме кон мир, нешто мора да се промени“, рече Стевановиќ, додавајќи дека војната во Украина продолжува и покрај досега обезбедената помош.

Неговите изјави доаѓаат по самитот на НАТО, на кој лидерите на земјите-членки разговараа за поддршка на Украина и зголемување на трошоците за одбрана на пет проценти од БДП до 2035 година.

Словенечкиот министер за надворешни и европски работи Тоне Кајзер рече дека НАТО е темел на безбедноста на земјата, додека партијата на Социјалдемократите (СД) го оцени предлогот на Стевановиќ како обид за одвлекување на вниманието. 

Ресница на Стевановиќ се залага за излез на земјата од НАТО.

реклама

Регион

Како сцена од филм: Унгарци снимале како минуваат низ страшниот пожар кај Омиш

Read more

Сестрата на Драгана што загина во пожарот кај Омиш: Ѝ викнав да го фрли куферот и да трча, потоа исчезна

Read more

Бегале од огнот в море: Спасени 200 лица во страшниот пожар во Хрватска, меѓу нив и деца

Read more

Голем пожар во Хрватска: 36 повредени, 14 хоспитализирани, 7 се борат за живот

Read more

Вести

  • play_arrow

Како сцена од филм: Унгарци снимале како минуваат низ страшниот пожар кај Омиш

Читај повеќе

Сојузот на борци од Тетово бара со закон да се забрани именувањето улици во чест на фашисти

Читај повеќе

Утре времето ќе биде сончево и многу топло

Читај повеќе

Гужва на Табановце: Странци чекаат ред за да платат казни снимени од Безбеден град

Читај повеќе

Лажни пораки наводно испратени од Безбеден град стигнуваат до граѓаните, МВР со апел како да ги препознаете

Читај повеќе

Сестрата на Ким Џонг Ун му одговори на Зеленски: Неговите тврдења се неосновани

Читај повеќе

УЈП во Охрид: Сите што издаваат сместување и опрема за рекреација на вода имаат обврска да платат данок на личен доход

Читај повеќе

ЈСП пушти нова линија, ќе вози од Радишани до Карпош 3

Читај повеќе

Топењето на глечер откри морничава тајна стара 34 години: Пронајдени двајца исчезнати алпинисти

Читај повеќе