Србија и Азербејџан заедно ќе градат гасна електрана

Србија и Азербејџан заеднички ќе градат гасна електрана со инсталиран капацитет од 500 мегавати, беше соопштено вчера за време на посетата на азербејџанскиот претседател Илхам Алиев на Белград. Тој најави „значајни“ инвестиции во Србија.

„Проектот за изградба на гасна електрана во Србија ќе биде една од најголемите инвестиции на Азербејџан во Европа“, рече Алиев на заедничката прес-конференција по разговорите со српскиот претседател Александар Вучиќ.

Алиев рече дека Азербејџан и Србија имаат „многу јасни планови“ за иднината, првенствено во областите на енергетиката и транспортот, со цел да се подобрат резултатите во тие два сектора.

Потпишани низа билатерални договори

Азербејџан неодамна започна со испораки на природен гас во Србија, која досега беше претежно зависна од снабдувањето со руски гас.

„Денес се согласивме да ги зголемиме количините за извоз, а овој гас ќе се претвори во електрична енергија. Така ќе имаме чиста енергија што е и за домашниот пазар, а во блиска иднина ќе се создадат можности за извоз за Србија“, истакна Алиев.

Вучиќ оцени дека гасна електрана со Азербејџан би можела да се отвори во близина на Ниш во 2029 година.

На вчерашните средби на двете државни делегации беа потпишани низа билатерални договори за понатамошно подобрување на економската соработка меѓу двете земји, а беше најавено и непосредно воспоставување директен лет меѓу Белград и азербејџанската престолнина Баку.

реклама

Локално невреме со пороен дожд, грмежи и засилен ветер во наредните денови

Read more

Северна Кореја го пушти во акција разурнувачот Канг Кон од 5.000 тони

Read more

Американците распределија ракетни системи што може да досегнат до Москва

Read more

Шефицата на AfD: Има премногу доселеници кои само го користат германскиот систем за социјална помош

Read more

Регион

6 септември 1923, роден е последниот крал на Кралството Југославија

Read more

Грчкиот премиер го откри планот за зголемување на платите пред изборите

Read more

Вучиќ за кандидатурата за премиер: Подготвен сум да ја прифатам волјата на СНС

Read more

Европската Унија ја предупреди Србија поради комеморацијата за Младиќ

Read more

Вести

Американците распределија ракетни системи што може да досегнат до Москва

Читај повеќе

Шефицата на AfD: Има премногу доселеници кои само го користат германскиот систем за социјална помош

Читај повеќе
  • play_arrow

Снимен моментот кога украински дрон удира во станбена зграда во Русија

Читај повеќе

На полноќ се зголемуваат цените на горивата 

Читај повеќе

Локално невреме со пороен дожд, грмежи и засилен ветер во наредните денови

Читај повеќе

19-годишна девојка загина во Светиниколско, со возилото излетала од патот

Читај повеќе
  • play_arrow

Изгаснат пожарот на македонско-косовската граница, нема повеќе да го загадува Скопје 

Читај повеќе
  • play_arrow

Дали ФБИ сокриле клучни докази за нападите на 11 септември?

Читај повеќе

Убиен 26-годишен скопјанец, МВР со детали за случајот

Читај повеќе