Третата најголема партија во Бугарија потпиша соработка со партијата на Путин

Националистичката бугарска партија Преродба потпиша договор за соработка со владејачката партија на Руската Федерација, Единствена Русија. Ова се случи и покрај фактот што Русија официјално ја прогласи Бугарија за непријателска држава по почетокот на сеопфатната инвазија на Украина, дознава Euractiv, а пренесува Українські національні новини (УНН).

„Договорот предвидува размена на искуства, идеи и политичка пракса меѓу двете партии и претставува важен позитивен чекор кон обновување на целосните бугарско-руски односи“, наведуваат од партијата Преродба.

Договорот го потпишаа заменик-претседателот Цончо Ганев, кој е и потпретседател на Народното собрание, и Владимир Јакушев – заменик-претседател на Горниот дом на Државната дума на Руската Федерација.

Како што пишува УНН, Преродба нема ништо против тоа што Русија ја прогласи Бугарија за непријателска држава по почетокот на војната во Украина и продолжува да ги одржува односите со владејачката партија.

Според достапните информации, Преродба е третата по големина партија во бугарскиот парламент: по изборите во октомври 2024 година има 33 мандати од вкупно 240. Партијата отворено се противи на членството на Бугарија во ЕУ и НАТО, се залага за неутралност во војната на Русија против Украина и шири проруски наративи на социјалните мрежи.

Претходно таа неуспешно се обиде да организира референдум за забрана на воведувањето на еврото.

Исто така, оваа партија влезе во бугарскиот парламент благодарение на нејзиниот цврст став против вакцините и карантинот за време на пандемијата со COVID-19.

реклама

Крај на измамите со вратена километража на возила

Read more

Масовни апсења на млади луѓе низ Европа, некои имаат само 14 години

Read more

Што му предвидува неделниот хороскоп на вашиот знак?

Read more

Кој предмет во домаќинството е повалкан од бањата?

Read more

Регион

Парламентарни избори во Албанија, соочени Рама и Бериша

Read more

Бугарскиот претседател најави референдум за влез во еврозоната

Read more

Како Вучиќ успеа да слета во Русија?

Read more

Вучиќ се огласи од Москва по проблемите со летот

Read more
 

Вести

  • filter

Дали Трамп ќе го „оживее“ злогласниот затвор Алкатраз?

Читај повеќе

Масовни апсења на млади луѓе низ Европа, некои имаат само 14 години

Читај повеќе

Индија и Пакистан најавија директни преговори, се почитува прекинот на огнот

Читај повеќе

Независниот синдикат на полицијата денеска на протест

Читај повеќе

Променливо време, попладне нестабилно со пороен дожд

Читај повеќе

Скок на цените на нафтата

Читај повеќе

Делови од Ѓорче Петров и Аеродром денеска без струја

Читај повеќе

Како Владимир Путин повторно го надмудри Трамп?

Читај повеќе

Јужноамерикански рибари преживеале 55 дена на отворено море

Читај повеќе