Уапсен шефот на белградската полиција и поранешен советник на Вучиќ

Шефот на белградската полиција и поранешен советник на српскиот претседател Александар Вучиќ, Веселин Милиќ, беше уапсен вчера, беше објавено во Белград, во продолжение на истрагата и расветлувањето на околностите за исчезнувањето на Александар Нешовиќ на 12 мај, кого медиумите го поврзуваат со еден од криминалните кланови на Белград.

По наредба на Вишото јавно обвинителство во Белград (ВЈТ), Милиќ е уапсен од страна на припадници на Управата за криминалистичка полиција, Службата за сузбивање на криминалот и Службата за борба против организираниот криминал на Министерството за внатрешни работи на Србија, соопшти обвинителството.

Нему му е одреден притвор во полиција до 48 часа поради сомнение дека не го пријавил кривичното дело и сторителот, а се товари и за помагање на сторителот по извршувањето на кривичното дело, и ќе биде изведен на сослушување пред јавниот обвинител.

Убиство во кафуле во Сењак

Пред апсењето, Веселин Милиќ веќе бил испрашуван во ВЈТ како дел од истрагата за исчезнувањето на Александар Нешовиќ Баја, кој исчезна на 12 мај во кафуле во луксузното белградско предградие Сењак.

Некои медиуми попладнево објавија, повикувајќи се на полициски извори, дека телото на Александар Нешовиќ е пронајдено покрај автопатот кај Шимановци.

Според неофицијални информации, тој бил застрелан во кафуле од Саша Вуковиќ Боске, додека Нешовиќ седел во друштво на Милиќ.

Според информациите од порталот „Данас“, Милиќ наводно го поканил Вуковиќ во кафулето за да го смири со Нешовиќ, бидејќи претходно имале конфликт.

Меѓу нив во кафулето избувнала расправија, по што Вуковиќ извадил пиштол и го застрелал Нешовиќ со неколку истрели.

Тело запалено покрај автопатот

После тоа, двајца од тројцата полицајци од обезбедувањето на Веселин Милиќ, заедно со Вуковиќ, го извадиле телото од ресторанот и го запалиле покрај автопатот кај Шимановци, додека Милиќ и друг полицаец останале во ресторанот за да отстранат траги и видео снимки од камерите за надзор.

Во врска со истрагата за сите околности на убиството, уапсени се вкупно осум лица, вклучувајќи тројца полицајци.

Белградската полициска управа е најголема во рамките на српското МУП, а позицијата началник на таа управа го прави една од ретките најмоќни личности на врвот на министерството.

Кариерата на Милиќ

Апсењето на Милиќ стана вест на денот и предизвика бројни шпекулации и потсетувања за неговата досегашна кариера, вклучувајќи го и фактот дека тој бил началник на белградската полиција од 2013 до 2018 година, кога бил назначен за советник на српскиот претседател Александар Вучиќ за борба против корупцијата и криминалот, а во тоа време бил и помошник-директор на полицијата.

Кон крајот на 2020 година, тој повторно беше назначен за началник на белградската полиција, со одлука на тогашниот министер за внатрешни работи Александар Вулин.

Опозицијата бара оставки

Опозицијата денес побара оставки и разрешувања од министерот за внатрешни работи и вицепремиер Ивица Дачиќ и директорот на српската полиција Драган Васиљевиќ, инсистирајќи дека „аферата Милиќ“ „бара институционална и политичка одговорност“.

Опозицијата ја гледа улогата на Милиќ како „директно учество во загрозувањето на безбедноста на српските граѓани, на кои оние кои мора да им гарантираат заштита ги преминале сите граници“, со оценки дека ова „претставува пораз на целиот државен и безбедносен систем и целосно бришење на границите меѓу државните структури и криминалните и мафијашките групи“.

Тагови
реклама

Хирон влегува во Бик по 50 години: Голема среќа за 3 хороскопски знаци

Read more

Крај на доплатата за рачен багаж во Европа: Бесплатен куфер со секоја карта од 2027 година

Read more

Трамп преку ноќ го укина пристапот на Европа до најмоќните AI модели

Read more

Едноставен рецепт кој плени со својата свежина: Сочен колач со лимон и ф'стаци

Read more

Регион

Родителите на Коста К. слушнале снимка од разговорот со полицијата во кој го признава масакрот

Read more

5 Срби уапсени во Косово за воени злосторства во 1999 година

Read more

НАТО го намалува бројот на војници во Косово

Read more

Викендов во Грција со дожд, ветер и пад на температурите

Read more

Вести

Родителите на Коста К. слушнале снимка од разговорот со полицијата во кој го признава масакрот

Читај повеќе

Осум години од потпишувањето на Преспанскиот договор

Читај повеќе

Хилари Клинтон: Џо Бајден направи ужасна грешка

Читај повеќе

Колапс на кубанскиот туризам

Читај повеќе

Скопјанецот кој запали дипломатски возила бензинот го купил од бензинска во близина на бугарската амбасада

Читај повеќе

Лавров: Би било добро ако Украина се приклучи на ЕУ, тогаш би се распаднала

Читај повеќе

Објавен договорот меѓу САД и Иран, има 14 точки

Читај повеќе

ЦУК: До 18 часот регистрирани се 14 пожари на отворено

Читај повеќе

Невреме во Скопје и Куманово, утре попладне повторно пороен дожд и грмежи

Читај повеќе